Црква „Св. Теодор Тирон“ - Дреновци
Свети Теодор Тирон | |
Поглед на црквата | |
| македонска православна црква | |
| Епархија | Преспанско-пелагониска |
| Архијерејско намесништво | Прилепско |
| Парохија | Долненско-секиречка |
| Местоположба | |
|---|---|
| Координати | 41°28′04.4″N 21°32′36.9″E / 41.467889°N 21.543583°E |
| Место | Дреновци |
| Општина | Долнени |
| Држава | Македонија |
| Општи податоци | |
| Покровител | Свети Теодор Тирон |
| Завршено | 1857 |
| Живопис | 1883 |
| Зограф | Коста, Вангел и Никола Атанасовиќ |
| Архитектонски опис | |
Свети Теодор Тирон – главна селска црква во селото Дреновци.[1] Сместена е во средишниот дел на селото, во непосредна близина на основното училиште.
Историја
[уреди | уреди извор]Црквата била изградена во 1857 година, а била зографисана во 1883 година.[2]
Архитектура
[уреди | уреди извор]Градбата на црквата е трикорабна, со правоаголна основа и полукружна апсида на источната страна којашто е украсена со осум слепи ниши.[2] Храмот има влез на јужната страна над кој има ниша со фреска во лоша состојба. Кон западната страна е доградена припрата до која води влезна врата на источната страна. Објектот е изграден од варовник и е варосан, а покриен е со кров од ќерамиди. Внатрешноста на црквата е живописана, а автори на фресокиписот се зографите Коста, Вангел и Никола Атанасовиќ од Крушево.[2]
Дворот на црквата е ограден со бетонска ограда и во него се сместени камбанаријата и селските гробишта. Камбанаријата е со квадратна основа и се состои од два дела. Долниот дел е изграден од камен, а горниот од тули. На секоја страна во горниот дел има по една монофора. Влезот на камбанаријата се наоѓа на западната страна.
Галерија
[уреди | уреди извор]- Влезот на црквата
- Влезот во припратата
- Источната страна со апсидата
- Фреска на Богородица Ширшаја
- Натпис во црквата
- Влезната порта од дворот на црквата
- Камбанаријата
- Селските гробишта
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. стр. 18. ISBN 978-608-65143-2-7.
- 1 2 3 „Црква „Свети Теодор Тирон“, село Дреновци“. OldPrilep. 27 мај 2013.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
Црква „Св. Теодор Тирон“ - Дреновци на Ризницата ?


