Луковички манастир
Поглед на главната манастирска црква „Св. Илија“ | |
Информации | |
---|---|
Целосно име | Манастир „Св. Илија“ |
Манастир на: | МПЦ - ОА |
Основан | 1962 |
Посветен на | Илинден |
Епархија | Тетовско-гостиварска |
Цркви | „Св. Илија“ |
Личности | |
Место | |
Место | атар на село Луковица, Тетово, Македонија |
Координати | 41°53′18″N 21°09′02″E / 41.88833° СГШ; 21.15056° ИГД |
Видливи остатоци | 1 црква, конаци, трпезарија, бина |
Отворен за јавноста | да |
Други информации | (Втора тетовска парохија) |
Луковички манастир — манастир во непосредна близина на тетовското село Луковица, Општина Желино, Македонија. Манастирот е сместен над селото во дебела дабова шума на надморска височина од 1.046 метри.
Историја
[уреди | уреди извор]Манастирот првично бил изграден во 1962 година од страна на Стојанка Костоска, а повторно возобновен во 1995 година по иницијатива на месната заедница на селото Луковица и црковниот одбор на манастирот. Одлуката била да се сруши целосно стариот објект и бил изграден нов објект во 1995 година. Градбата била поддржана од жителите на селото Луковица, неговите иселеници, како и бројни претпријатија.
Од 2014 година, имало иницијатива да се изградат манастирски конаци, и во текот на 2016 година траеле градежните зафати врз нив.
Цркви
[уреди | уреди извор]Црквата е единствената манастирска црква и е сместена на самиот влез во него, веднаш до манастирските конаци кои се во градба.
Галерија
[уреди | уреди извор]-
Поглед на главната манастирска црква „Св. Илија“ заедно со трпезаријата
-
Манастирските конаци во изградба
-
Околината на манастирот
-
Камбанаријата на црквата
-
Бина и чешма во склоп на манастирскиот двор
-
Клупи и маси во манастирскиот двор
Поврзано
[уреди | уреди извор]Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Луковички манастир на Ризницата ?