Прејди на содржината

Втора тетовска парохија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Тетово е парохиско седиште

Втора тетовска парохија — православна парохија на Македонската православна црква - Охридска архиепископија, дел од Тетовското архијерејско намесништво на Тетовско-гостиварската епархија. Нејзиното седиште е во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во населбата Два Бреста, во градот Тетово. Неа ја опслужува протојереј-ставрофор Мирко Станковски (сос. 2015).

Парохијата ја сочинуваат тетовските села: Једоарце, Луковица, Непроштено, Отуње, Сетоле и Џепчиште.[1]

Ова е список на црквите во парохијата.[2] Можно е списокот да е нецелосен.

име населено место изградена слика
Црква „Св. Кирил и Методиј“
(парохиска црква)
Тетово 1903
Црква „Св. Кузман и Дамјан“ Једоарце 1922
Црква „Св. Илија“ Луковица 1995
Црква „Св. Петка“ Луковица 2005
Црква „Св. Ѓорѓи“ Луковица 1936
Црква „Св. Архангел Михаил“ Непроштено 13 век(прва), поново време(втора)
Црква „Св. Илија“ Непроштено
Црква „Св. Ѓорѓи“ Непроштено
Црква „Св. Ѓорѓи“ Отуње 1860(прва);1994(втора)
Црква „Рождество на Пресвета Богородица“ Сетоле 1862
Црква „Св. Атанасиј“ Џепчиште
Црква „Св. Богородица“ Џепчиште 1994

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. „црквите и манастирите во Тетовското Архиерејско Наместништво“. Архиерејско намесништво Тетово. Посетено на 2010-04-25.
  2. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]

42°0′47″N 20°58′0″E / 42.01306°N 20.96667°E / 42.01306; 20.96667