Трета тетовска парохија
Изглед

Трета тетовска парохија — православна парохија на Македонската православна црква - Охридска архиепископија, дел од Тетовското архијерејско намесништво на Тетовско-гостиварската епархија. Нејзиното седиште е во црквата „Св. Богородица“ во населбата Горна Чаршија, во градот Тетово. Неа ја опслужува протојереј-ставрофор Томислав Јосифовски (сос. 2015).
Во состав на оваа парохија покрај дел од градот опфатени се и селата: Горно Палчиште, Долно Палчиште, Мала Речица и Сараќино.[1]
Цркви
[уреди | уреди извор]Ова е список на црквите во парохијата.[2] Можно е списокот да е нецелосен.
| име | населено место | изградена | слика |
|---|---|---|---|
| Црква „Св. Богородица“ | Тетово | 1903/4 (втора) | |
| Црква „Св. Сисој Велики“ | Тетово | 2021 | |
| Црква „Св. Кирил и Методиј“ | Горно Палчиште | ||
| Црква „Св. Спас“ | Долно Палчиште | 1922 | |
| Црква „Св. Ѓорѓи“ | Мала Речица | XIII век(прва), 1936(втора), 2010 (трета) | |
| Црква „Св. Атанасиј“ | Сараќино | крај на XX век | |
| Црква „Рождество на Пресвета Богородица“ | Сараќино | ||
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „црквите и манастирите во Тетовското Архиерејско Наместништво“. Архиерејско намесништво Тетово. Посетено на 2010-04-25.
- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
Трета тетовска парохија на Ризницата ?