Црква „Св. Кирил и Методиј“ - Горно Палчиште

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Coat of arms of the Macedonian Orthodox Church.png
Macedonian cross.svg
Св. Кирил и Методиј
Македонска православна црква
Епархија Полошко-кумановска
Архијерејско намесништво Тетовско
Парохија Трета тетовска
Местоположба
Населено место Горно Палчиште
Општина Боговиње
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Свети Кирил и Методиј
Архитектонски опис
Портал „МПЦ“

Свети Кирил и Методиј е историска црква во тетовското село Горно Палчиште, која денес е целосно разрушена. Црквата се наоѓала на местото наречено Вакуфиште. Околу неа се наоѓале селските гробови, кои и денес се видливи.[1]Денес целото црквино место, со се темелите и гробиштата се честа мета на трагачи на злато.[2]Црквата била во употреба се додека во селото имало Македонци. Со присилното иселување, исламизирање и албанизирање, црквата остала запуштена и заборавена.

Легенда[уреди | уреди извор]

Една легенда за црквата вели дека еднаш во минатото таа била целосно разрушена. Имено легендата вели дека во селото меѓусобно се ожениле кумови. На денот на самата венчавка во црквата во селото заврнал пороен дожд. Од силните порои се разорила цела црква. Младенците со се наносот се излеале на секашниот локалитет наречен Цепен Камен кај месноста Купенка[1].

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Trifunovski, Jovan F. (1976) (на france). Polog (Etudes Anthropogeographiques) (1 издание). Belgrad: Academie Serbe des Sciences et des Art. 
  2. Диви копачи бараат злато на Шара“, Утрински Весник (посет. 11 јануари 2011 г). (на македонски)