Црква „Св. Атанасиј“ - Сараќино

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Coat of arms of the Macedonian Orthodox Church.png
Macedonian cross.svg
Свети Атанасиј
Македонска православна црква
Епархија Полошко-кумановска
Архијерејско намесништво Тетовско
Парохија Трета тетовска
Местоположба
Населено место Сараќино
Општина Тетово
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Свети Атанасиј Александриски
Осветување 2005
Ктитор семејствата Савевски и Кузмановски од Сараќино
Зограф Зоран Бошковски
Архитектонски опис
Портал „МПЦ“

Свети Атанасиј е црква во тетовското село Сараќино. Црквата е градена во поново време. Карактеристично за оваа црква е тоа што фреските кои се дело на Зоран Бошковски, се ретко застапени во православните храмови низ Македонија. Некои од нив се посветени на Свети Јован Шангајски, Свети Нектариј Битолски, Свети Јован Кронштатски и Свети Јован Кукузел.[1] Црквата е осветена во 2005 година и спаѓа во Третата тетовска парохија. Црквата е изградена на темели на стар христијански објект граден во времето на населувањето на Сараќино во 14 век. Ктитори на објектот биле семејствата Кузмановски и Савевски од Сараќино.[2] Иконостасот е дело на тетовскиот резбар Будимир Апостолски.[3]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. ВО ТЕТОВСКОТО СЕЛО САРАЌИНО Осветена нова црква“, Време, 27 јули 2005 (посет. 27 април 2010 г). (на македонски)
  2. На старите темели изградена ново светилиште -Осветена нова црква во Сараќино“, Утрински Весник (посет. 16 јануари 2011 г). (на македонски)
  3. Резбите на Будимир Апостолски го освојуваат светот“, Утрински Весник (посет. 16 јануари 2011 г). (на македонски)