Црква „Св. Кузман и Дамјан“ - Једоарце

Од Википедија — слободната енциклопедија
Св. Кузман и Дамјан
македонска православна црква
Епархија Тетовско-гостиварска
Архијерејско намесништво Тетовско
Парохија Втора тетовска
Местоположба

Карта

Место Једоарце
Општина Тетово
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Свети Кузман и Дамјан
Изградба 1922
Архитектонски опис
Око на Провидението, детал од Царските двери на црквата
Црква Св.Кузман и Дамјан

Свети Кузман и Дамјан позната и како Свети Врачи — главна селска црква во тетовското село Једоарце. Градена е на постари темели, додека денешниот објект е од 1922 година. Во дворот на црквата се наоѓаат и селските гробишта. Главниот патрон се празнува на 14 ноември на денот на Светите Кузман и Дамјан[1]. Црквата се наоѓа во Втората тетовска парохија.

Настани од 2001[уреди | уреди извор]

За време на конфликтот од 2001 година црквата била цел на повеќе вандалски оштетувања. Најмногу, во повеќе наврати страдал внатрешниот дел. Била палена влезната врата на црквата, а во внатрешноста биле уништени иконостасот, олтарот, иконите, фреските, шанданите, крстовите и други предмети, а била расфрлана и црковната документација.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Црквите и манастирите во Тетовското Архиерејско Наместништво“. Архиерејско намесништво Тетово. Посетено на 2011-01-16.
  2. „Во Једоарце, пред очите на сопствениците, се уништуваат куќите Качачки банди и натаму ги оштетуваат црквите“. Утрински Весник. Архивирано од изворникот на 2016-03-05. Посетено на 2011-01-16.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]