Прејди на содржината

Црква „Св. Богородица“ - Џепчиште

Од Википедија — слободната енциклопедија
Света Богородица
македонска православна црква
Епархија Тетовско-гостиварска
Архијерејско намесништво Тетовско
Парохија Втора тетовска
Местоположба

Карта

Место Џепчиште
Општина Тетово
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Богородица
Изградба 1994
Живопис Мирко Видоески и Александар Настески
Ктитор Ристо и Бранко Добревски
Изгорена 4 февруари 2006
Архитектонски опис

Света Богородица претставува главната манастирска црква во тетовското село Џепчиште. Се наоѓа во месноста Голем Манастир. Оваа црква е градена во 1994 година, на простор на поранешна за која се дознава дека била градена во турско време. Сегашната манастирска црква ја подигнале браќата Ристо и Бранко Добревски од Џепчиште, кои живеат и работат во Бразил, Јужна Америка[1]. Фрескоживописот е изработен од сликарите Мирко Видоески и Александар Настески. Главниот празник на кој се слави патронот на црквата е Голема Богородица на 28 август.[2]

Сквернавења

[уреди | уреди извор]

Од кога црквата била изградена во 1994 година, таа била мета на многу грабежи и сквернавења. Еднаш била и опожарена. Најголемиот грабеж се случил во 2008 година, кога било украдено камбанериското ѕвоно вредно преку 2000€.[3] За време на воениот конфликт во Тетовско, црквата била оштетена, најмногу настрадал олтарот, каде што биле расфрлани црквоните утвари и бил обесветен Светиот престол[4]. На 4 февруари 2006 година црквата била намерно опожарена. Од пожарот целосно изгорел нејзиниот внатрешен дел, додека иконостасот бил спасен.[1] Во 2010 година, ноќта меѓу 1 и 2 февруари, во близина на црквата каде се наоѓа монашки гроб стар 700 години било извршено сквернавење од страна на диви копачи. Откако земјата била раскопана, таа повторно била вратена во гробот.[5]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. 1,0 1,1 „Запалена новата манастирска црква во Џепчиште“. Press online. Посетено на 2011-02-04.
  2. „П Р А З Н И Ц И кога се собира повеќе народ во црквите и манастирите во Тетовското Архиерејско Наместништво“. Тетовско Архиерејско намесништво. Посетено на 2010-08-23.
  3. „Украдено ѕвоно од црквата во селото Џепчиште“. Дневник. Архивирано од изворникот на 2008-04-27. Посетено на 2011-01-04.
  4. „Оштетувања на манастирска црква "Света Богородица" во село Џепчиште“. Тетовско Архиерејско намесништво. Посетено на 2011-02-04.
  5. „Во Џепчиште раскопан гроб стар 700 години“. Утрински Весник. 2 февруари 2010. Посетено на 2011-02-04.