Прејди на содржината

Црква „Рождество на Пресвета Богородица“ - Сетоле

Од Википедија — слободната енциклопедија
Рождество на Пресвета Богородица

Поглед на црквата

македонска православна црква
ЕпархијаТетовско-гостиварска
Архијерејско намесништвоТетовско
ПарохијаВтора тетовска
Местоположба

Карта

Координати42°3′15″N 20°59′49″E / 42.05417°N 20.99694°E / 42.05417; 20.99694
МестоСетоле
ОпштинаТетово
ДржаваМакедонија
Општи податоци
ПокровителБогородица
Изградба1862
Архитектонски опис

Рождество на Пресвета Богородица — главна селска црква во тетовското село Сетоле, Македонија.[1]

Црквата се соочува со уривање на дотраениот покрив и уништување на самата црква.[2]

Главниот патрон на црквата се прославува на Мала Богородица на 21 септември.[3]

Местоположба

[уреди | уреди извор]

Црквата се наоѓа во средишниот дел на селото, до патот кој води до селото.

Историја

[уреди | уреди извор]

Црквата била изградена во 1862 година на темели од постар објект.[4] Годината на изградба е запишана и на ниша над самиот влез во црквата.

Од 2024 година, за црквата постои иницијатива за донации за обнова на столбовите во самата црква и покривот, поради опасност од нивно уривање.[2]

Настани од 2001

[уреди | уреди извор]

За време на конфликтот од 2001 година, црквата во Сетоле не била поштедена од налетот на албанските банди.

Таа прво била насилно отворена, осквернавена, ограбена и демолирана. Оштетувања коишто биле направени во овој сакрален објект едно време го направиле неупотреблив. Иконостасот бил многу оштетен, а царските двери биле искршени и трајно оштетени и истите се фрлени на подот од црквата. По завршетокот на кризата во 2001 година, црквата била обновена, додека тетовскиот резбар Будимир Апостолски го реставрирал стариот иконостас.[5]

Архитектура

[уреди | уреди извор]

Фрескоживопис

[уреди | уреди извор]

Црквата не е фрескоживописана.

Икони и иконостас

[уреди | уреди извор]

Некои од иконите се дело на Дичо Зограф.

Галерија

[уреди | уреди извор]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
  2. 1 2 Инфо, Тетово (2024-08-31). „Потребни се донации за да се санира црквата во Сетоле“. Тетово Инфо. Посетено на 2025-11-13.
  3. Булески, Јован (21 септември 2010). „По повод одбележувањето на празникот Рождество на Пресвета Богородица, во тетовското село Сетоле се одржа голем црковно народен собир“. Кисс Тв. Архивирано од изворникот на 2014-03-24. Посетено на 2011-01-17.
  4. „Оштетени се речиси сите цркви во тетовските села“. Дневник. Архивирано од изворникот на 2014-03-24. Посетено на 2011-01-17.
  5. „Резбите на Будимир Апостолски го освојуваат светот“. Утрински Весник. Посетено на 2011-01-17.[мртва врска]

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]