Црква „Св. Петка и Св. Недела“ - Тетово
Св. Петка и Св. Недела | |
| македонска православна црква | |
| Епархија | Тетовско-гостиварска |
| Архијерејско намесништво | Тетовско |
| Парохија | Четврта тетовска |
| Местоположба | |
|---|---|
| Место | Тетово |
| Општина | Тетово |
| Држава | Македонија |
| Општи податоци | |
| Покровител | Света Петка и Света Недела |
| Изградба | 14 век; 2000 (сегашен објект) |
| Завршено | 2007 |
| Осветување | 2007 |
| Архитектонски опис | |
„Света Петка и Света Недела“ — црква во стариот дел на Тетово, во населбата Колтук. Црквата се наоѓа во дворот на храмот „Св. Никола“ веднаш до Споменикот на стреланите тетовци од 1944 година. Изградена е со средства на православни верници, пред сè, од стариот дел на Тетово, но и од целиот град. На 26 ноември 2000 година се положил и осветил камен темелник на празникот "Свети Јован Златоуст". При ископот на темелите биле пронајдени остатоци со димензии 3х2 на постара црква која потекнувала од 14 век. Точниот податок за постоењето и градбата на таа капела се сврзува со изградбата на помала црква посветена на Света Богородица, која се наоѓала преку реката Пена. Црква е посветена на две светици, бидејќи во Тетово немало црква посветена на св. Недела, а стариот храм бил посветен на св. Петка[1]. Поради воените дејства во Тетово во 2001, изградбата била стопирана, но во 2007 година комплетно е завршена и осветена[2].
Галерија
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Осветена нова црква во Тетово“. Утрински Весник. 29 октомври 2007. Посетено на 2010-05-01.[мртва врска]
- ↑ „Осветување на црквата света Петка и света Недела во Тетово“. 1 ноември 2007. Посетено на 2010-05-01.
| Оваа статија црква во Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
| |||||||||||||
- Цркви на Македонската православна црква
- Цркви во Тетовско-гостиварската епархија
- Цркви во Тетовското архијерејско намесништво
- Четврта тетовска парохија
- Цркви во Општина Тетово
- Тетово
- Никулци за цркви во Македонија
- Цркви во Тетово
- Храмови посветени на Света Недела во Македонија
- Македонската архитектура во 2007 година


