Прејди на содржината

Црква „Св. Ѓорѓи“ - Отуње

Од Википедија — слободната енциклопедија
Свети Ѓорѓи

Поглед на црквата

македонска православна црква
ЕпархијаТетовско-гостиварска
Архијерејско намесништвоТетовско
ПарохијаВтора тетовска
Местоположба

Карта

Координати42°3′28″N 21°0′17″E / 42.05778°N 21.00472°E / 42.05778; 21.00472
МестоОтуње
ОпштинаТетово
ДржаваМакедонија
Општи податоци
ПокровителСвети Ѓорѓи
Изградба1860
Архитектонски опис

Свети Ѓорѓи — главна селска црква во тетовското село Отуње, Македонија.[1]

Местоположба

[уреди | уреди извор]

Црквата се наоѓа во средишниот дел на селото, до патот кој поминува низ селото за селото Сетоле. Во дворот на црквата се наоѓаат и селските гробишта.

Историја

[уреди | уреди извор]

За изградбата на црквата има три различни години: според едната таа е градена во 1860 година, додека обновена во 1994 година.[2] Според истражувачот Јован Трифуноски црквата била подигната во 1866 година и дека била посветена на Алипиј Столпник.[3] Додека пак според натписната плоча на самата црква, таа била подигната во 1855 година.

Настани од 2001

[уреди | уреди извор]

За време на конфликтот од 2001 година, црквата во Отуње не била поштедена од налетот на албанските банди.[4]

На вратата пред влезот во црквата била скршена мермерната плоча со година на градба на црквата и било пукано со оружје на таванскиот дел со видни оштетувања на плафонот. Електричната инсталација била целосно оштетена и бил одземен струјомерот. Сите четири столба внатре биле оштетени, а на двата столба веднаш до влезната врата во црквата биле оштетени лежиштата за икони. Уништени биле и дрвените седишта за седење на стари и изнемоштени лица при Светите богослужби. Целосно биле уништени два шандани за свеќи, аналогијата со намена за поставување на икони, купелот за крштевање на деца. Најголеми и непоправливи штети и вандалски уништувања биле направени на самиот свето-црковен ентериер на црквата. Многу од иконите биле уништени (сечени со секири, пукано со куршуми или кршени). Во трпезаријата биле скршени сите прозорци, растурен бил сиот прибор за јадење и недостасувал ТВ приемник.[5]

Архитектура

[уреди | уреди извор]

Фрескоживопис

[уреди | уреди извор]

Во црквата има стари фрески и икони на кои не им се знае авторот. Неколку понови фрески имаат живописано учителот Крсто Гоговски од селото Непроштено (еден од киднапираните и убиени Македонци од Непроштено во конфликтот 2001 година) и ликовниот уметник Мирко Видоески од Тетово.

Икони и иконостас

[уреди | уреди извор]

Црквата поседува иконостас, кој бил исто така оштетен за време на конфликтот 2001 година. Царските двери биле уништени и недостигале, две икони исчезнале, а биле оштетени повеќе други икони.

Галерија

[уреди | уреди извор]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
  2. Ефтоски, Гојко (22 август 2009). „Повратниците го заживуваат Отуње“. Утрински Весник. Архивирано од изворникот на 2010-05-15. Посетено на 2011-01-11.
  3. Трифуноски, Јован (1976). Полог. Белград: Српска академија на науките и уметностите. стр. 334-335.
  4. „Осквернавени црквите во Сетоле и во Отуње“. Дневник. Посетено на 2011-01-11.[мртва врска]
  5. „Оштетувања на црквата "Свети Ѓорѓи" во село Отуње - комплетен извештај“. Тетовско Архиерејско намесништво. Посетено на 2011-01-11.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]