Прејди на содржината

Свети Нектариј Битолски

Од Википедија — слободната енциклопедија

Нектариј Битолски
Фреска на Свети Нектариј во Зографскиот манастир
Роден(а)1430
Битола
Починал(а)5 декември 1500
Света Гора
Слава5 декември

Преподобен Свети Нектариј Битолски — македонски светец од 15 век.

Животопис

[уреди | уреди извор]

Нектариј е роден во Битола. Крстеното име му било Никола. Се подвизувал најпрво во манастирот Свети Врачи кај Битола, заедно со својот замонашен татко Пахомиј. Потоа преминал на Кареја на Света Гора, каде што го продолжил подвигот под раководство на старците Филотеј и Дионисиј во ќелијата на Св. Архангели. Починал на 5 декември 1500 година, која дата се зема за славење на неговиот празник по стариот црковен календар. Неговите чудотворни мошти цели, нетлени и благоухани, сè уште почиваат во истата ќелија.