Прејди на содржината

Црква „Св. Ѓорѓи“ - Волковија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Свети Ѓорѓи

Поглед на црквата

македонска православна црква
ЕпархијаТетовско-гостиварска
Архијерејско намесништвоТетовско
ПарохијаМилетинска
Местоположба

Карта

Координати41°51′36″N 20°59′47″E / 41.86000°N 20.99639°E / 41.86000; 20.99639
МестоВолковија
ОпштинаБрвеница
ДржаваМакедонија
Општи податоци
ПокровителСвети Ѓорѓи
ИзградбаXIV век
2006 (сегашен објект)
Осветување2006
Архитектонски опис
Архит. типеднокорабна

Свети Ѓорѓи — главна манастирска црква на Волковскиот манастир во тетовското село Волковија, Македонија.[1]

Местоположба

[уреди | уреди извор]

Манастирската црква се наоѓа јужно од селото Волковија, сместена на возвишението Чука.[2]

Историја

[уреди | уреди извор]

Црквата потекнува од 14 век,[3] која за време на владеењето на Турците била срушена од страна на Синан-паша, кој го разрушил манастирот, а според некои извори со материјалот ја изградил познатата Синан-пашина џамија во Скопје.

Растурените книги од ограбениот и разрушениот волковиски манастир по доаѓањето во Лешок почнал да ги бара и собира отец Кирил Пејчиновиќ. Тој пронашол пет ракописи (минеи), а на една од нив ќе запише дека ги пренел книгите во Лешочкиот манастир во 1825 година.

По рушењето на црквата останале само два камени крста, каде мештаните подигнале параклис во 1927 година.[2] Во параклисот биле ставени и двата камени крста, остатоци од некогашната манастирска црква.

Во 1999 година, мештаните покренале иницијатива за возобновување на манастирската црква. Тогаш бил срушен дотраениот параклис и на 23 мај со благослов на митрополитот Полошко-Кумановски г. Кирил се извршило осветување и полагање на камен-темелник од страна на архијерејскиот намесник протојереј-ставрофор Мирко Станковски за нова црква.

Сегашниот објект е изграден и осветен во 2006 година од страна на митрополитот г. Кирил.[4] Црквата неколкупати била цел на кражби.[4]

Во минатото тука се одржувале Волковиски средби со гостувања на многу македонски пејачи.

Архитектура

[уреди | уреди извор]

Црквата е еднокорабна градба со централна купола, која се издига на висок тамбур. Од западната страна врз отворениот трем се издига камбанарија на два ката со пристап преку дрвени скапи од наосот.[5]

Фрескоживопис

[уреди | уреди извор]

Црквата има делумен живопис со слаби уметнички квалитети. Тој е од понов период (2003-2005) и е дело на тројца автори: Тони и Васе Ќурковски и Елизабета Наумчевска.[5]

Во црквата постои мозаик наречен „Чудото на Св. Ѓорѓи" со димензии од 1,7 х 0,9 метар, кој е дело на македонскиот академски сликар од Вевчани, Никола Угриновски.[6]

Галерија

[уреди | уреди извор]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
  2. 1 2 Трифуноски, Јован (1976). Полог. Белград: Српска академија на науките и уметностите. стр. 162.
  3. ↑ „Ограбена црквата "Свети Ѓорѓи"“. Вест. 16 октомври 2008. Архивирано од изворникот на 2016-03-04. Посетено на 2010-05-01.
  4. 1 2 „Откорнати бакарни олуци од "Свети Ѓорѓи"“. Вест. 17 мај 2008. Архивирано од изворникот на 2016-03-04. Посетено на 2010-05-01.
  5. 1 2 „МПКН“. monitoring.icomos.org.mk. Посетено на 2025-12-14.
  6. ↑ „НИКОЛА УГРИНОСКИ, АКАДЕМСКИ СЛИКАР -Го враќа мозаикот во црквите“. Дневник. Посетено на 2011-09-11.[мртва врска]

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]