Марена (Теарце)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Марена
археолошко наоѓалиште
Марена is located in Археолошки локалитет во Македонија
Марена
Марена
(Грешка во скриптата: Нема модул наречен „Location map/old“.)
Местоположба 42°4′27″N 21°3′9″E / 42.07417° СГШ; 21.05250° ИГД / 42.07417; 21.05250Координати: 42°4′27″N 21°3′9″E / 42.07417° СГШ; 21.05250° ИГД / 42.07417; 21.05250
Основни податоци
Име Марена
Место Теарце
Општина Теарце
Тип

Археомак 2.0 графички знак (населба).svg населба Археомак 2.0 графички знак (црква).svg црква

Период римско време
среден век
Портал „Археологија“  • Проект „Археомак“

Марена е археолошки локалитет во Тетовското село Теарце. Локалитетот претставува населба од римското време и средновековна црква. Се наоѓа на околу 500 m јужно од селото, во нивите што се наоѓаат под патот, каде се среќаваат фрагменти од керамички садови, питоси и множество градежен материјал. Во 1954 година, со истражувањата извршени од Археолошкиот музеј од Скопје на чело со Блага Алексова, биле откриени урнатини од еднокорабна црква со нартекс и остатоци од живопис. Денес таа е возобновена и е посветена на Св. Марена. Од локалитетот потекнува надгробна плоча со латински натпис која се чува во Музејот на тетовскиот крај.[1]

Поврзано[уреди | уреди извор]

  • Црква „Св. Марена“ - денес возобновената црква на местото каде е пронајдена средновековната црква;

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069