Бигор Слатински
Прејди на прегледникот
Прејди на пребарувањето
Бигор Слатински — археолошко наоѓалиште во тетовското село Теарце. Претставува населба од доцноантичкото време. Се наоѓа на околу 500 м западно од селото во локалното популарно место Бигур[1], каде со земјоделските работи во нивите сопствениците откриле темели од ѕидови на повеќе објекти. На површината има голем број фрагменти од керамички садови, питоси и грамади од градежен материјал. Во 1954 година било извршено заштитно ископување.[2]
Поврзано[уреди | уреди извор]
- Градиште — населба од доцната антика;
- Железничка Станица — населба од римско време;
- Марена — населба и црква од римско време и среден век;
- Црквиште — црква и некропола од средниот век;
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ „Бигур, с.Теарце“. Крале Марко. Посетено на 2011-02-09.
- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
![]() |
Оваа статија за поврзана со археологијата на Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |