Трајко Кочовски

Од Википедија — слободната енциклопедија

Трајко Кочовски ( 1906 во Беловиште (Тетовско)1944 во Беловиште (Тетовско)) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Потекнувал од cиpомaшно селско семејство. Завршил основно училиште, па се занимавал со земјоделство, но поради пасивност на крајот, бил принуден да отиде на печалба во Белград. Во летото 1944 година партиската организација во Вратничко го вклучила во ослободителното движење. Се истакнал со својата активност против окупаторот. Заедно со други активности ја ширел базата на НОВ во селото, така што Шарпланинскиот одред имал солидна поткрепа во селата. При втората провала на Шар Планина во април 1944 година, како пројавен активист бил затворен од бугарскиот фашистички окупатор и стрелан.[1]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Стрелани во втората провала (1944 година) од страна на бугарската полиција биле ѝ:

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив - Скопје. 1969. стр. 78. На |first= му недостасува |last= (help)