Лазо Јанчевски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Лазо Јанчевски
Роден 1927 година
Беловиште, Тетовско
Починал април/мај, 1944 година
Лепенец, Скопје
Стрелан од Бугарските фашисти

Лазо Јанчевски ( 1927 во Беловиште (Тетовско)1944 во Лепенец) ― македонски партизан и учесник во НОВ.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Роден е во сиромашно селско семејство. По завршеното основно училиште се занимавал со земјоделство, а работел и како рудар по Радуша.

Во 1943 година кога Шарпланинскиот одред го проширил своето влијание врз жителите на Беловиште, во селото бил создаден политички актив, во кој меѓу првите се вклучил и Лазо. Така започнал организирано да ја помага оружената борба против окупаторот. Позитивно дејствувал меѓу младинците, од чија средина придобивал нови приврзаници за народно-ослободителното движење. При втората провала на Шар Планина, во април 1944 година, тој бил затворен и одведен во полицискиот затвор во Скопје. Иако бил мачен, тој не ги предал своите соработници. Без оглед на тоа бугарските фашистички окупатори го одвеле на Лепенец, Скопско и го стрелале на негова 17 годишна возраст, без да има какво било судење.[1]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив. 1969. стр. 71. На |first= му недостасува |last= (help)