Трипун Димитровски

Од Википедија — слободната енциклопедија

Трипун Димитровски ( 1913 во Беловиште (Тетовско)30 април 1944 во Беловиште (Тетовско)) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Завршил основно училиште, а потем работел како сточар. Летото 1943 година народноослободителната организација од Вратничко го опфатила во напредното движење. Станал верен соработник на партизанскиот одред. Тивкото 'ржење на овчарските кучиња од неговото бачило, речиси секоја ноќ го означувала доаѓањето на партизанските групи. Партизаните ги снабдувал со вредни податоци. Во една провала во април 1944 година, заедно со уште шестмина соработници бил стрелан од бугарската фашистичка полиција кај Беловиште. При стрелањето покажал ладнокрвност. Се обидел да побегне, но на заседа го пречекала друга група фашисти и го убила.[1]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Стрелани во втората провала (април, 1944 година) од страна на бугарската полиција биле ѝ:

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив - Скопје. 1969. стр. 55. На |first= му недостасува |last= (help)