Петар Богоевски

Од Википедија — слободната енциклопедија

Петар Богоевски ( 1912 во Старо Село (Тетовско)30 април 1944 во Беловиште (Тетовско)) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Завршил основно училиште, а подоцна се вработил во рудникот Радуша, каде партиската организација го запознала со целите на НОВ. Од 1942 година веке бил вклучен во народноослободителното движење. Тесно соработувал со партиската организација во Вратничко. Организирано дејствувал во своето село, кое станало партизанска тврдина. Бил член на народносолободителниот одбор. Како таков се грижел за материјално и друго помагање на Шарпланинскиот одред. Во април 1944 година бил провален од еден селски предавник. Потоа заедно со неколку други соселани, бил стрелан од бугарскиот фашистички окупатор.[1]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Стрелани во втората провала (април, 1944 година) од страна на бугарската полиција биле ѝ:

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив - Скопје. 1969. стр. 33. На |first= му недостасува |last= (help)