Прејди на содржината

Атанас Крстевски

Од Википедија — слободната енциклопедија

Атанас Крстевски ( 1903 во Вратница, Тетовско30 април 1944 во Беловиште (Тетовско)) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Животопис

[уреди | уреди извор]

Потекнувал од селско семејство. Завршил основно училиште, а потоа се занимавал со земјоделство. Во почетокот на 1943 година работел активно и организирано за народно ослободителното движење. Членовите на целото негово семејство биле активни соработници на Шарскиот одред. Во јули 1944 година, кога една ноќ навлегле партизанските курири со цел да ги информираат за движењето на бугарските фашистички единици и да им ги наполни раниците со брашно, неговата воденица бил блокирана од контрачетниците (локални бугаромани). Така отпочнала нерамна борба во која партизаните се повлекле без загуби. Утредента контрачетниците својот бес го истуриле врз Атанас, стрелајќи го на сред село.[1]

Поврзано

[уреди | уреди извор]

Стрелани во втората провала (април, 1944 година) од страна на бугарската полиција биле ѝ:

  1. 1,0 1,1 Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив - Скопје. 1969. стр. 79. На |first= му недостасува |last= (help)