Трајан Милошевски

Од Википедија — слободната енциклопедија

Трајан Милошевски ( 1913 во Старо Село (Тетовско)30 април 1944 во Беловиште (Тетовско)) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Завршил основно училиште. Потоа се занимавал со земјоделство, а подоцна станал рудар во Радуша. Летото 1943 година партиската организација од Вратничко го опфатила во ослободителното движење. Бил истакнат активист. Неговото село бил поврзано со партизаните од Шар Планина. Лично ги помагал партизаните сестрано. Честопати ноќе им носел храна, пошта и ги водел по непознати врвици. Во април 1944 година бугарската фашистичка полиција го затворила со други родољубци од селото и го стрелале.[1]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Стрелани во втората провала (април, 1944 година) од страна на бугарската полиција биле ѝ:

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив - Скопје. 1969. стр. 94. На |first= му недостасува |last= (help)