Прејди на содржината

Борис Николовски

Од Википедија — слободната енциклопедија

Борис Николовски ( 1914 во Беловиште (Тетовско)21 октомври 1943 во Тетовско) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Животопис

[уреди | уреди извор]

Потекнувал од сиромашно семејство. Заврши основно училиште, а потоа се занимавал со земјоделство. Од летото 1941 година, организирано работел за целите на Народноослободителната борба. Се истакнувал во организирање на другите соселани во движењето. Активно учествувал во префрлањето на разновидната помош за Шарпланинскиот одред. Во октомври 1943 година успел да ги извести партизаните за провалата. На враќањето од базата бил затворен од бугарскиот фашистички окупатор. Началникот на бугарската полиција од Скопје, Љубен Александров, откако дознал за неговите врски со одредот, лично го стрелал.[1]

Поврзано

[уреди | уреди извор]

Партизани и селани стрелани после првата провала на Шарпланинскиот одред биле ѝ:

  1. 1,0 1,1 Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив - Скопје. 1969. стр. 106. На |first= му недостасува |last= (help)