Црква „Св. Илија“ - Владимирово
Изглед
Свети Илија | |
Поглед на црквата | |
| македонска православна црква | |
| Епархија | Струмичка |
| Местоположба | |
|---|---|
| Координати | 41°42′37.6″N 22°47′45.8″E / 41.710444°N 22.796056°E |
| Место | Владимирово |
| Општина | Берово |
| Држава | Македонија |
| Општи податоци | |
| Покровител | Свети Илија |
| Завршено | 2005 |
| Архитектонски опис | |
Свети Илија — новоизградена селска црква во малешевското село Владимирово. Сместена е на полјана во крајниот источен дел од селото.
Историја
[уреди | уреди извор]Црквата била изградена во 2005 година. Во неа се извршувале главните религиски обреди во периодот кога опожарената црква „Вознесение Христово“ се обновувала.[1]
Архитектура
[уреди | уреди извор]Црквата претставува крсто-куполен храм. Куполата има осумаголна основа и е изградена од тули, а на секоја од страните има монофора. Покриена е со пирамидален кров над кој има крст. Црквата е изградена од тули и на нејзините ѕидови има повеќе копјести прозорци. Пред влезот на црквата и непосредно од десната страна има натстрешница.
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „„Св. Илија“ го заменува „Св. Спас“ во Владимирово[мртва врска]“. Дневник. 27 ноември 2014.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
Црква „Св. Илија“ - Владимирово на Ризницата ?


