Прејди на содржината

Црква „Успение на Пресвета Богородица“ - Смојмирово

Од Википедија — слободната енциклопедија
Успение на Пресвета Богородица

Поглед на црквата

македонска православна црква
ЕпархијаСтрумичка
Местоположба

Карта

Координати41°44′08.5″N 22°50′46.6″E / 41.735694°N 22.846278°E / 41.735694; 22.846278
МестоСмојмирово
ОпштинаБерово
ДржаваМакедонија
Општи податоци
ПокровителУспение на Пресвета Богородица
Завршеносредина на 19 век
Архитектонски опис
Архит. типтрикорабна

Успение на Пресвета Богородица — главна селска црква во малешевското село Смојмирово. Црквата се наоѓа на крајот од селото и има доминантна позиција во однос на остатокот од селото.

Историја

[уреди | уреди извор]

Црквата била изградена во средината на 19 век, а била обновена во 1907 година од страна на доселеници од Рибница, Пиринска Македонија.[1]

Архитектура

[уреди | уреди извор]

Градбата на црквата е трикорабна, со четиристрана апсида.[1] Таа во целост е обоена во бела боја и е покриена со ќерамиди. Кон нејзината јужна страна е доградена припрата. Црквата е оградена со камена ограда, при што влезната порта се наоѓа во нејзниот средиштен дел. Влезната порта всушност се наоѓа на предната страна од четириделната камбанарија со квадратна основа. Камбанаријата е во бела боја и на секоја страна има по три хоризонтални затворени прозорци, од кои најголеми се оние на последниот четврт дел. Покриена е со пирамидален кров од ќерамиди над кој има крст.

Во внатрешноста на црквата се сочувани 10 икони кои биле дел од иконостасот на првобитната црква. Дрвениот иконостас бил изработен од локални резбари, додека зографските работи се дело на мајстори од Банско и Разлог.[1]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. 1 2 3 Илиевска-Арсова, Весна (2011). „Пијанец-Малеш, изобилство од сонце и насмевки!“ (PDF). Штип: Центар за развој на Источен плански регион. стр. 40. Посетено на 27 јануари 2017.[мртва врска]

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]