Прејди на содржината

Џами Тепе

Координати: 41°46′09″N 23°00′30″E / 41.7691° СГШ; 23.0083° ИГД / 41.7691; 23.0083
Од Википедија — слободната енциклопедија
Џами Тепе
Ильов връх
Џами Тепе (десно), гледан од соседниот врв Кадиица на Влаина.
Највисока точка
Надм. вис.1803 м
Координати41°46′09″N 23°00′30″E / 41.7691° СГШ; 23.0083° ИГД / 41.7691; 23.0083
Географија
Џами Тепе на карта

Карта

МестоР Македонија, Пиринска Македонија
Матичен венецМалешевски Пл.
Карта

Џами Тепе (бугарски: Ильов връх, до 1942 г. Джамо/Джамa) — највискиот врв на Малешевските Планини.[1] Висок е 1.803 м и лежи на самата македонско-бугарска граница кон Пиринска Македонија.

Се издига во северниот дел на главното планинско било. На северозапад преку седлото наречено Седлото се поврзува со првенецот на планината Влаина — врвот Кадиица; на југоисток седлото Конското го поврзува со врвот Трите Гроба. Врвот е заоблен, со налегнати падини и не се истакнува особено над околните зарамнети била. На североисток оd него се одвојува ридот Краиште.

Врвот е изграден од метаморфни карпи. Почвата е планинско-ливадска. Високите делови се образснати со подалпска тревна растителност, а падините со бука и бор.

Точно низ Џами Тепе поминува државната граница, делејќи го Пехчевско во Р Македонија од Горноџумајско во Пиринска Македонија. На таа кота стои гранична пирамида со број 51.

Бугарско име

[уреди | уреди извор]

На 29 јуни 1942 г. бугарската држава го сменила бугарското име во Иљов Врв, кое дотогаш гласело Џамо или Џама. Новото име на врвот е дадено во чест на Дедо Иљо Малешевски согласно политиката на присвојвуање на македонските национални дејци.[2]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  • Енциклопедия Пирински край. Том 1, Благоевград, 1995, стр. 384.
  1. Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Малешевски Планини“. Македонска енциклопедија. , книга II (М-Ш). Скопје: МАНУ. стр. 904. Text "series " ignored (help)
  2. Научноинформационен център „Българска енциклопедия“ (2015). Промени в наименованията на физикогеографските обекти в България 1878 – 2014 г. София: Книгоиздателска къща „Труд“. стр. 96. ISBN 978-954-398-401-5.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]