Прејди на содржината

Зајак

Од Википедија — слободната енциклопедија

Зајак - животно од редот глодачи.

Видови зајаци

[уреди | уреди извор]

Зајакот-дупкар спаѓа во редот зајакообразни цицачи и во семејството зајаци, во која се вбројува и обичниот зајак. Домашните видови настанале од дивиот зајак-дупкар. Потекнува од Европа, но денес го населува целиот свет, освен на Антарктикот и некои острови во Југоисточна Азија. Се среќава во тревни или шумовити предели, како и во обработени полиња. Достигнува должина од 40 сантиметри и тежина од 2 кг, а жиивее од три до шест години. Половата зрелост ја постигнува на возраст од околу четири месеци и се спарува во текот на пролетта и летото. По едномесечен период на носење, женката раѓа две до седум малечки, и тоа, четири до пет пати во текот на годината. Младенчињата се раѓаат слепи и без влакна, во дувло ископано во земјата, на меко легло прекриено со влакна од мајката. Зајакот-дупкар е тревојадец. Тој се храни со трева, корења, лисје и кора од дрвјата. Поради тоа забите му се трошат и горните секачи постојано му растат.

Зајакот во литературата и во популарната култура

[уреди | уреди извор]

Зајакот како тема во книжевноста

[уреди | уреди извор]
  • „Белиот зајак“ – турска народна приказна.[1]
  • „Сопственикот на полето и зајакот“ – приказна на африканското племе Басумбва.[2]
  • „Леопардот и зајакот“ – приказна на африканското племе Кикуију.[3]
  • „Човекот, лавот и зајакот“ – приказна на африканското племе Басумбва.[4]
  • „Како зајакот го убил нилскиот коњ“ – приказна на африканското племе Акамба.[5]
  • „Зајакот и мангустата“ – приказна на африканското племе Свахили.[6]
  • „Зајак“ — песна на македонската поетеса Христина Аслимоска од 2003 година.[7]
  • „Зајачка одмазда“ — басна на Ристо Давчевски.[8]
  • „зајаците и жабите“ - басна на старогрчкиот баснописец Езоп.[9]
  • „зајаците и лисиците“ - басна на старогрчкиот баснописец Езоп.[10]
  • „Лавот и зајакот“ - басна на Езоп.[11]
  • „зајаците и жабите“ - басна на американскиот писател Емброуз Бирс.[12]
  • „Зајакот и желката“ - басна на Емброуз Бирс.[13]
  • „Чудно чудо“ — расказ за деца на македонскиот писател Киро Донев од 2013 година.[14]
  • „Зајко Бешко мрзливец“ — песна на македонскиот поет Иван Ивановски.[15]
  • „Зајко, зајко од дупката!“ (српски: Зека, зека из јендека!) - песна на српскиот поет Јован Јовановиќ-Змај.[16]
  • „Ти си само плашлив зајак“ - песна на македонскиот писател Славко Јаневски.[17]
  • „Зајче безопавче“ - збирка песни за деца на македонскиот писател Васил Куноски.[18]
  • „Зајаче“ — песна на Васил Куноски.[19]
  • „Зајакот и желката“ — басна на Лафонтен.[20]
  • „Нединото зајаче“ — расказ на македонскиот писател Ванчо Николески.[21]
  • „Зајко ловец“ — песна на македонскиот поет Живко Ризовски од 1995 година.[22]
  • „Современо зајаче“ — песна на македонскиот поет Васе Тодоров - Шлеговец.[23]
  • „Чудни се луѓето“ — песна на македонскиот поет Васе Тодоров - Шлеговец.[24]

Зајакот како тема во музиката

[уреди | уреди извор]
  • „Зајко кокорајко“ — македонска народна песна.[25]
  • „Јас сум зајак“ (англиски: I Am A Rabbit) — песна на американската рок-група Лемонхедс (Lemonheads) од 1989 година.[26]
  • „Умирањето на зајаците“ (англиски: Rabbits Dying) — песна на американската рок-група Throwing Muses од 1986 година.[27]
  • „Бел зајак“ (англиски: White Rabbit) — песна на американската рок-група Jefferson Airplane од 1967 година.[28]

Зајакот како тема во филмот

[уреди | уреди извор]

Галерија

[уреди | уреди извор]
  1. ↑ „Бели зец“ во: Турске бајке. Београд: Народна књига, 1978, стр. 127-144.
  2. ↑ Бајке са југа Африке. Београд: Народна књига, 1964, стр. 179-182.
  3. ↑ Бајке са југа Африке. Београд: Народна књига, 1964, стр. 135-138.
  4. ↑ Бајке са југа Африке. Београд: Народна књига, 1964, стр. 183-184.
  5. ↑ Бајке са југа Африке. Београд: Народна књига, 1964, стр. 148.
  6. ↑ Бајке са југа Африке. Београд: Народна књига, 1964, стр. 119-121.
  7. ↑ Христина Аслимоска, Бисерни зборови. Охрид: Летра, 2003, стр. 45.
  8. ↑ Басни (избор). Просветно дело, Редакција „Детска радост“, Скопје, 2009, стр. 44.
  9. ↑ Езоп, Басне (по Доситеју Обрадовићу). Београд: Просвета, 1963, стр. 27-28.
  10. ↑ Езоп, Басне (по Доситеју Обрадовићу). Београд: Просвета, 1963, стр. 36.
  11. ↑ Езоп, Басне (по Доситеју Обрадовићу). Београд: Просвета, 1963, стр. 82-83.
  12. ↑ Емброуз Бирс, Басни. Скопје: Темплум, 2016, стр. 50.
  13. ↑ Емброуз Бирс, Басни. Скопје: Темплум, 2016, стр. 51.
  14. ↑ Киро Донев, Приказни од куќичката на дрво. Скопје: Македоника литера, 2013, стр. 108-109.
  15. ↑ Иван Ивановски, Ах ти мило детенце. Култура, Скопје, 1980, стр. 24.
  16. ↑ Јован Јовановиħ Змај, Краљевина Лаждишажди. Београд: Просвета, 1963, стр. 95.
  17. ↑ Славко Јаневски, Коренот на стеблото ја надминува мерата на нивните разуми. Скопје: Темплум, 2014, стр. 73-74.
  18. ↑ Васил Куноски, Зајче безопавче, Култура, Наша книга, Мисла, Македонска книга и Детска радост, Скопје, 1980.
  19. ↑ Васил Куноски, Песни. Скопје: Просветно дело, Редакција „Детска радост“, 2004, стр. 76.
  20. ↑ Басни (избор). Просветно дело, Редакција „Детска радост“, Скопје, 2009, стр. 18.
  21. ↑ Ванчо Николески, Чудотворен кавал, Мисла, Наша книга, Детска радост, Култура, Македонска книга, Скопје, 1993, стр. 28-33.
  22. ↑ Живко Ст. Ризовски, Дете и светулка. Скопје: Наша книга, 1995, стр. 12.
  23. ↑ Васе Тодоров - Шлеговец, Магија на детството. Скопје: александар & александар, 2000, стр. 22.
  24. ↑ Васе Тодоров - Шлеговец, Магија на детството. Скопје: александар & александар, 2000, стр. 33.
  25. ↑ Macedonian Folklore Classics, Aleksandar Sarievski. Macedonian Radio and Television.
  26. ↑ Lemonheads* – Lick (посетено на 25.5.2022)
  27. ↑ Throwing Muses – Throwing Muses (посетено на 29.10.2024)
  28. ↑ YouTube, Jefferson Airplane - Surrealistic Pillow (1967) FULL ALBUM Vinyl Rip (пристапено на 24.12.2017)
  29. ↑ IMDb, Who Framed Roger Rabbit (1988) (пристапено на 6.12.2015)