Крстовар
| Крстовар | |
|---|---|
Бележник на Крстовар со точната висина | |
| Највисока точка | |
| Надм. вис. | 1.066 м |
| Координати | 41°57′54″N 21°23′42″E / 41.965121°N 21.394928°E |
| Географија | |
| Земја | |
| Крај | Скопско |
| Општина | Карпош |
Крстовар (познат и како Крствар) — највисок врв на планината Водно, јужно над градот Скопје. Неговата надморска височина изнесува 1.066 метри, а територијално припаѓа на скопската Општина Карпош. Врвот не е пошумен и претставува тревнато-каменит терен. На врвот Крстовар се наоѓаат планинарскиот дом „Даре Џамбаз“ и Милениумскиот крст, еден од белезите на градот Скопје поставен во 2002 г. Во непосредна на самиот врв се поставени и предаватели за телевизија и мобилна телефонија, а се наоѓаат и воено-полициски објекти, како и извор на вода. Нуди прекрсен панорамски поглед на целиот град Скопје, а кон југ на селата Горно Соње и Долно Соње, како и на планините Караџица и Даутица.
Пристап
[уреди | уреди извор]До врвот се стасува по повеќе доброобележани планинарски патеки меѓу кои најпознати се: Буран-Цветкова, Олимписка, Пензионерска, асфалтиран пат за возила, како и со жичницата „Милениумски крст“ од Средно Водно.
Поврзано
[уреди | уреди извор]Галерија
[уреди | уреди извор]- Планинарскиот дом „Даре Џамбаз“
- Милениумскиот крст
- Жичницата кон Крстовар
- Видиковци кон областа Каршијак
- Сонце од Кутлеш со страните на светот
- Каменливата рамнина кај Крстовар
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]| „Крстовар“ на Ризницата ? |
- Водно: Широки панорамски погледи од Водно — „Македонија вечна“
- Врв на Водно (Крстовар) во Скопје на Pinterest
| Оваа поврзана со Скопје статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
