АСУЦ „Боро Петрушевски“ - Скопје

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
АСУЦ „Боро Петрушевски“
Место
Општина: Гази Баба
Место: Скопје
Адреса: Бул. „Едвард Кардељ“ бр 26/б
Основни информации
Директор: Д-р Соња Ристовска
Настава на: македонски и албански
Контакт информации
Портал boropetrusevski.schools.edu.mk

Средното стручно училиште АСУЦ "Боро Петрушевски"на град Скопје се наоѓа во Скопје, општина - Гази Баба и претставува јавно воспитно-образовна установа.

Мисија на училиштето е спроведување квалитетно образованиеи воспитание на учениците во сите струки и занимања од страна на високостручен и контиунирано обучуван наставе кадар,во одлични материјално-технички услови за настава.

Визија "Добро организирана кадровска екипирана,материјално-технички и просторно опремена воспитно-образовна установа,со зајакнат домашен кредибилитет,во која квалитетно ќе се образува кадар за претпријатија од областа на патниот сообраќај,квалитетно ќе се преквалификуваат граѓани преку програми за образование на возрасни,проширување на обемот и видот на дополнителни дејности...,многу ќе се работи и доста ќе се заработи "

Мото на училиштето е Секогаш може подобро... што во суштина значи постојана тенденција за следење на модерните трендови и качување скалило погоре во секој сегмент на училишниот живот и во работата.

Формирање и развој[уреди | уреди извор]

Автосообраќајниот училишен центар „Боро Петрушевски“ е формиран во 1947 година, кога Владата на Народна Република Македонија, со Уредба бр. 9115, од 17 септември 1947 год., донесе одлука за формирање ниже училиште на автомеханичари во Скопје.

Училиштето почнало со работа на 5 април 1948 година, со примарна задача во наредните 3 години да ги оспособи првите 50 автомеханичари. За тоа бил потребен универзален профил на автомеханичар, кој ќе биде способен да се вклучи и во подоцнежниот развој на сообраќајот. Во учебната 1950/51 година во училиштето завршила прва генерација од 43 ученици-автомеханичари. Во учебната 1953/54, година, училиштето се споило со повеќе други училишта кои создавале кадри за индустријата и станало отсек на ИНДУСТРИСКОТО УЧИЛИШТЕ СО ПРАКТИЧНА ОБУКА, а потоа, во 1961 година, со нова фузија диктирана од тогашните услови и потреби, станало отсек во ЕЛЕКТРОМАШИНСКИОТ СООБРАЌАЕН УЧИЛИШЕН ЦЕНТАР.

Во учебната 1964/65 година овој отсек повторно се одвои и прерасна во посебен СООБРАЌАЕН УЧИЛИШЕН ЦЕНТАР„ МАКЕДОНИЈА-ТРАНСПОРТ“.

На 12 февруари 1968 година, Центарот се преименува во АВТОСООБРАЌАЕН УЧИЛИШЕН ЦЕНТАР. Овој настан е важен и поради фактот што училиштето, во коешто дотогаш се школуваа само автомеханичари, со Решение бр. 933 од 7 мај 1968 година, на Републичкиот секретаријат за образование, наука и култура, беше верифицирано како училиште во кои ќе се обрзуваат кадри од повеќе автосообраќајни профили.

АСУЦ "Боро Петрушевски"-Скопје

Перманентното зголемување на бројот на ученици, овозможија во 1974 година да се пристапи кон доградба на уште едно крило на училишната зграда, во насока на Полигонот на обука на возачи. Во истата година со одлука на Извршниот совет на СРМ, народниот херој Боро Петрушевски му беше определен како патронат на училиштето и, оттогаш, Центарот го носи неговото име. Беше промовиран и официјален амблем на училиштето, којшто во истата форма и изглед го користиме и денес. Во 1996 година беше преуреден просторот што дотогаш беше Сервис за дневна нега на моторни возила и беа изградени сали за возила, Сервис за нивно одржување и магацин за автоделови, понатаму надополнет и со Одделение за компјутерско мешање бои.

Вложувањата во инфраструктурата во период 1998-1999 година продолжуваат со темелно реновирање на административниот дел на училиштето и целосна изградба на нов кабинетски дел, во чијшто состав влегува и новата библиотека. Денес, овој комплекс го претставува најрепрезентативниот дел на училиштето и во него, покрај современата теоретско-кабинетска настава, се одржуваат низа други манифестации, како на пример, семинари, обуки, презентации итн.

Искуството и знаењата стекнати на овој начин уште повеќе ја зацврстија сликата што Центарот ја изгради на национални рамки, па ја наметна и потребата за продолжување на политиката на понатамошно барање можности за соработка со развиени европски центри за стручно образование.

Локалитет и развиеност на регионот[уреди | уреди извор]

Училиштето се наоѓа во населбата Автокоманда, на локалитет кој претставува индус¬триска зона на градот, со многу претпријатија, кои по многу нешта се во деловна соработка со училиштето. Поставеноста на училиштето на излезот кон главниот автопат и излезот на регионален пат со кој се поврзува со главните транспортно-шпедитерски компании, овозможува континуиран проток на клиенти, заинтересирани странки, граѓани, странци и други соработници кои придонесуваат кон стратешкиот развој на училиштето. Во непосредна близина на училиштето се наоѓаат уште два средношколски центри, како и средношколските интернати „Томе Стефановски Сениќ“ и „Партенија Зографски“, во кои престојуваат учениците од внатрешноста на Републиката.

Образовна дејност[уреди | уреди извор]

Основна дејност на АСУЦ „Боро Петрушевски“ е образование на кадри од

  • сообраќајната струка (техничар за транспорт и шпедиција и техничар за патен сообраќај)
  • машинската струка (автотехничар – мехтроничар и автомеханичар
  • автотехничката струка (автоелектроничар и каросериски механичар) по пат на редовно и на вонредно школување на македонски и на албански наставен јазик.

Редовната теоретска настава се изведува во специјализирани училници, лабораторија за автоелектроника, кабинет по информатика, кабинетите по странски јазик, сообраќаен кабинет, машински кабинет и кабинет за техничко цртање, кои постојано се доопремуваат. Наставниот процес се реализира со користење нагледни средства, ЛЦД – паметна табла, проектори, аудиовизуелни помагала, богато опремена библиотека со цел учениците да стекнат знаење, способности и вештини кои ќе им овозможат полесен влез во високообразовните институции, како и на пазарот на трудот.

Практичната настава се изведува делумно во училишната работилница, а делумно во работните организации во градот со кои училиштето веќе долго време успешно соработува. 

Во рамките на училишната работилница, покрај во петнаесетте специјализирани одделенија, наставата се изведува и во три стручни кабинети (за мотори, мехатроника и електроника), а за занимањето каросериски механичар функционира специјализиран кабинет.

АСУЦ „Боро Петрушевски“ нуди и можности за специјалистичко образование и доусовршување : специјализации од областа на патниот сообраќај и одржувањето на моторните возила; обуки и курсеви за стекнување компетенции и лиценци за вршење на дејноста во областа на патниот сообраќај и одржувањето на моторните возила; АДР-сертификати за превозници со опасни материи. Во рамките на Центарот работат и лиценциран Центар за безбедност и здравје при работа и Центар за обуки.

Споредни дејности[уреди | уреди извор]

Покрај образовната, училиштето остварува и споредни дејности:

  • Технички преглед и регистрација на моторни возила во Станицата за техничи преглед која нуди високопрофесионален однос кон клиентите во современо опремени простории;
  • Техничка служба за испитување моторни возила - брз, ефикасен, современ технички преглед и регистрација на половни моторни возила;
  • Автошкола за обуки од Б-категорија нуди високостручно оспособување за управување со моторни возила;
  • Aвтосервис Професионална поправка и сервисирање на сите видови возила;
  • Автоперална која нуди квалитетно, брзо и темелно чистење на моторните возила;
  • Вршење проценка на ризик на работно место и обуки за заштита при работа.

Воннаставни активности[уреди | уреди извор]

Воннаставните активности имаат богат придонес за дополнувања на едукативната и на воспитната улога на учeниците. Целта на овие активности е: поттикнување на креативност,ентузијазмот кај учениците, доследност и истрајност, да се создадат услови за развивање на личноста на ученикот, создавање навики за добро, организирање на слободното време. АСУЦ „Боро Петрушевски“, представува пример за развој на мултикултурализмот во образованието. Тимот од професори од неколку активи ги подготвуваа учениците за повеќе активности од јавен карактер: спортски манифестации, подготвување театарски претстави, јавно говорење, дебати, вечери на поезија, организираа промотивни вечери и во голема мера ги поттикнаа културата и естетската вредност на убавиот збор и сл. Сите овие активности вклучуваа ученици од македонска и од албанска националност и како носечка идеја имаа зближување, соживот и мултикултурализам на учениците. Резултатите беа повеќедимензионални: се создаде општа еуфорија и раздвиженост меѓу наставниците и учениците, се зголемија соработката и дружењето со други институции, се изврши промоција и афирмација на училиштето, се подигна нивото на култура во меѓуетничката и меѓуучилишната соработка.

Секции[уреди | уреди извор]

  • електромашинска секција
  • сообраќајна секција
  • секција по практична настава
  • секција млади литерати
  • секција Википедија во моето училиште
  • секција по спорт и спортски активности

Клубови[уреди | уреди извор]

  • клуб на оратори
    6 Ораторска вечер во АСУЦ „Боро Петрушевски“
  • клуб на Црвен Крст
  • клуб на медијатори
  • клуб на информатичари
  • клуб на физичари

Ученички здруженија[уреди | уреди извор]

  • Младинска организација ТРЕНД
  • Училишна заедница

Проекти[уреди | уреди извор]

Национални проекти[уреди | уреди извор]

  • Проектот “Поттикнување на социјална инклузија и инклузивен пазар на труд“ е инициран од МТСП во соработка со словенската компанија Папилот и меѓународната организација UNDP
  • Проект “Безбедни училишта – хармонична средина”, со поддршка на Град Скопје, МОН и мисијата ОБСЕ , ДПИ, СВР Скопје, ЈУ МЦСР-Скопје, локалните самоуправи, НВО Алгоритам и 6 училишта вклучувајќи го и нашето училиште.
  • Во рамките на проектот “Интеграција на еколошката едукација во Македонскиот образовен систем” – со поддршка на МОН и ОХО, се реализираше проект од областа на екологијата и се аплицираше за зелено знаме.
  • Проект “Намалување на насилството и унапредување на безбедноста во училиштата“-Мојата безбедност зависи од мене, во соработка со СВР
  • Проект “Е дневник ЕМИС и ХРМ”, со поддршка од МОН, кој во континуитет се спроведува во училиштето .
  • Проект “Ние сме најдобри”, со поддршка на здружението на граѓани Центар за креативен развој – ЦКР и здружението на средношколците МАССУМ - Скопје во соработка со Универзалната Сала од Скопје.
  • Проект “Паричен транфер за ученици”, со поддршка од МТСП
  • Проект “Интегрирано образование” со поддршка од МОН. Во рамките на истиот беше реализиран и проектот “Учиме заедно”, со поддршка на ЦССО и Кралството Норвешка
  • Проект “Медијација – како стратегија за унапредување на мултиетничките односи”, со поддршка на Форум ЗФД.

Интерни училишни проекти кои се во тек на реализација[уреди | уреди извор]

  • “Менторирање на ученици„
  • “Менторирање на наставници”
  • “Креативно училиште”
  • “Ефикасно водење на класно раководство”
  • “Превенција на насилството во училиштето”
  • “Еднакви во различностите“:“Традиционален начин на одбележување на верски празници:Велигден, Бајрам, Божиќ,Ѓурѓовден“,“Посета на верски објекти“
    Еднакви во различностите - посета на џамија
  • “Сообраќајната култура-врска меѓу основното образование и средното сообраќајно училиште“
  • “Отворени часови“
  • “Квалитет во наставата и оценување“

Меѓународна соработка и проекти[уреди | уреди извор]

проекти АСУЦ “Боро Петрушевски“ е добитник на грантови за два меѓународни проекти и една подготвителна посета во рамките на Леонардо да Винчи програмата, во учебната 2012/2013 год.

  • ПРОЕКТ за размена на ученици (IVT – Initial Vocational Training)- “Современи технички достигнувања во областа на автомобилската мехатроника”проект за мобилност во рамките на Програмата доживотно учење. Во него се вклучени 8 ученици и 2 наставници. Партнерско училиште е Средно Стручно училиште од Вилниус – Литванија,каде што беа реализирани активности за реализација на целта на проектот: усовршување на знаењата на учениците во областа на автомобилската мехатроника, стекнување искуство од практичната работа во сервисите за возила во земјата партнер – Литванија. Стекнатите искуства учениците ќе можат да ги применат во работата, на меѓународниот натпревар Автомеханичар Јуниор на кој секоја година активно учествува нашето училиште, учество во други регионални, национални или други меѓународни проекти со стручни училишта од истата област.
  • ПРОЕКТ за размена на наставници (VETPRO)-“ Споредување на образовните програми, курикулуми и методи во наставата помеѓу стручните училишта од областа на електромашинската и сообраќајната струка” во рамките на Леонардо да Винчи, Проект за мобилност во рамките на Програмата доживотно учење. Во проектот се вклучени 10 наставници. Земји партнери во проектот се Средни стручни училишта од Шведска и Естонија. Реализирана е посета на Средно стручно училиште од Монлуке, во близина на Гетеборг-Шведска, од страна на 5 наставници од нашето училиште – дипломирани машински и сообраќајни инжинери.

Согласно планот за реализација на овој проект планирана е посета на Средно стручно училиште во Виланди – Естонија во периодот од(21-28).04.2013 год. За време на посетата во Шведска беше реализирана: презентација на нашата држава, нашето училиште, реализирана посета на часови по општо образовни предмети и практична настава, раменети искуства со предметните наставници за начинот на реализирање на наставниот час, посочени добри практики кои можат да се применат во нашиот образовен систем, дискутирано за начинот на организација на наставата, реализација на програмите и курикулумите за работа. Посетата и размената на искуства ќе придонесе за поголема ангажираност на нашите наставници во процесот на реформи на тригодишното образование, применувајќи ги сознанијата за нови профили и струки кои ќе бидат интересни за пазарот на трудот, поголемо вклучување во различни интерни проекти чија цел е поврзување на теоретската со практичната настава, запознавање со начинот на работа во виртуелна фирма – Сервис за лесни возила, подигнување на нивото на професионално усовршување како резултат на посета на сервисите Волво и Тојота, размена на стручна литература од областа на моторните возила.Во наша чест се вееше Македонското знаме и бевме објавени на веб страната на нивното училиштето.............

  • Соработка со Словенија: Реализиран проектот “Пишем ја, пишеш ти, пишемо сви”, во соработка со Школски центар Цеље.Цел унапредување на соработката меѓу државите, дружење на ученици од поранешните југословенските простори, преку пишување заедничка приказна во која ученици од секоја земја ќе напишат специфичности околу својата култура и идентитет. Како резултат на оваа активност се издаде книга со текстови на учениците.
  • Соработка со Финска:Проект “Интегрирање на теоријата во практичната настава применувајќи нови педагошки методи”, во соработка со Јаваскула колеџот од Финска и Филозофски факултет од Скопје.
  • АЦЕС - Академијата на централно европски училишта:

АСУЦ „Боро Петруешевски“, Скопје, и оваа учебна е дел од големото АЦЕС-семејство. Оваа година е добитник и координатор на проектот „Медиумите и реалноста - сојузници или противници“ што ќе го реализира заедно со училиштата-партнери од Крагуевац, Србија и од Љубљана, Словенија. Проектите на тема „Медиуми“ ќе се реализираат во 15 држави, во Средна и Источна Европа, во рамки на Меѓународната мрежа на средни и основни училишта (ACES). Целта на ACES е да се овозможи и унапреди интеркултурен дијалог и соработка на младите луѓе со цел да се создаде трајна мрежа преку која би се разменувале знаења. Основната цел на проектот „Медиумите и реалноста – сојузници или противници“ е оспособување на учениците да бидат одговорни корисници и креативни создавачи на медиумски продукти, унапредување на познавањата за улогата и функцијата на медиумите во демократското општество, развивање хумани вредности и оспособување на учениците да ги разбираат и прифаќаат различностите. Преку креативни активности (работилници, вежби, интерактивни дебати, интернационална соработка) се оспособат да прават реална проценка за информациите пласирани од медиумските провајдери, да утврдат колку се совпаѓаат реалноста и медиумските стории. Преку директно инволвирање во медиумскиот простор (креирање весник, веб-страница, драматизации, филм, учество во ТВ-емисии) да градат мултикултурни вредности и вистинска слика за општеството во коешто живеат. Како директни учесници во создавањето медиуми ќе влијаат врз создавањето и градењето на демократската култура и обликувањето на јавното мислење.

  • Соработка со Босна и Херцеговина:Претставници од нашето училиште учествуваа на III “Симпозиум за сообраќајни инжинери кој се одржа во Сараево”

Познати личности кои предавале во ова училиште[уреди | уреди извор]

  • Ѓорѓи Крстевски (1923-1985) - македонски сликар, припадник на првата повоена генерација македонски уметници;


Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]