Прејди на содржината

Саса (јаловиште)

Координати: 42°06′15″N 22°31′54″E / 42.10417° СГШ; 22.53167° ИГД / 42.10417; 22.53167
Од Википедија — слободната енциклопедија
Хидројаловиштето

Сасахидројаловиште или јаловиштен простор од четири јаловишта во склоп на рудникот „Саса“.

Јаловишниот простор е сместен по течението на Каменичка Река и служи за одлагање на јаловината настаната со одвојувањето на оловото и цинкот при преработката на рудата во рудникот „Саса“.[1] Просторот е долг 1,5 км, широк 200 м и висок од 40-60 м.[2]

Загадување

[уреди | уреди извор]

Во септември 2020 година, од јаловиштата истекол јаловиштен материјал којшто се излеал во коритото на Каменичка Река поради што рудникот бил казнет со парична казна од 50.000 евра и бил задолжен да го исчисти речното корито.[3]

Галерија

[уреди | уреди извор]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. „Студија за оценка на влијание врз животната средина на проект: „Изградба на хидројаловиште бр. 4 на рудник „Саса" - Македонска Каменица" (PDF). Скопје: Рудник „Саса“. 2016. стр. 2. Посетено на 3 февруари 2021.
  2. „Студија за геодиверзитетот и геонаследството на Република Македонија и другите компоненти на природата (биолошка и пределска разновидност)“ (PDF). Скопје: Министерство за животна средина и просторно планирање. 2016. стр. 214. Посетено на 2 февруари 2021.
  3. Казна за Рудникот САСА – ќе плати 65 илјади евра поради истекувањето јаловина“. Макфакс. 25 септември 2020.

42°06′15″N 22°31′54″E / 42.10417° СГШ; 22.53167° ИГД / 42.10417; 22.53167