Црква „Св. Архангел Михаил“ - Саса
Изглед
Свети Архангел Михаил | |
Поглед на црквата | |
| македонска православна црква | |
| Епархија | Брегалничка |
| Архијерејско намесништво | Делчевско |
| Парохија | Каменичка |
| Местоположба | |
|---|---|
| Координати | 42°05′39.9″N 22°31′35.5″E / 42.094417°N 22.526528°E |
| Место | Саса |
| Општина | Македонска Каменица |
| Држава | Македонија |
| Општи податоци | |
| Покровител | Архангел Михаил |
| Завршено | 20 век |
| Архитектонски опис | |
Свети Архангел Михаил – манастирска црква на Саскиот манастир.
Историја
[уреди | уреди извор]Црквата била изградена заедно со манастирот во 20 век. Подоцна била срушена и обновена.[1]
Архитектура
[уреди | уреди извор]Градбата на црквата има правоаголна основа со осумаголна купола и полукружна апсида на источната страна. Влезот е сместен на западната страна и пред него е дограден мал трем, а над влезната врата има слика на којашто е прикажан Архангел Михаил. Објектот во целост е обоен во бела боја и е покриен со кров од ќерамиди.
Во непосредна близина на црквата има молитвен простор којшто е изграден од камен.
Галерија
[уреди | уреди извор]- Поглед на црквата
- Влезот
- Куполата
- Апсидата
- Молитвениот простор
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Парохии при храмот „Свети пророк Илија“ – Македонска Каменица Архивирано на 8 февруари 2021 г.“. Брегалничка епархија.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
Црква „Св. Архангел Михаил“ - Саса на Ризницата ?


