Делчевско архијерејско намесништво
Прејди на прегледникот
Прејди на пребарувањето
Црквата „Успение на Пресвета Богородица“ - намесничка и парохиска црква
Делчевско архиерејско намесништво — архиерејско намесништво во Македонската православна црква - Охридска Архиепископија едно од четирите намесништва во Брегалничката епархија. Ова архиерејско намесништво ги опфаќа градовите Делчево и Македонска Каменица, заедно со селата во Пијанец. На чело на Делчевското архиерејско намесништво се наоѓа протојерејот Атанас Поповски (сост. 2016).[1]
Парохии[уреди | уреди извор]
Намесништвото е поделено на неколку парохии:
- Прва Делчевска парохија - сместена во црквата „Св. Богородица“ во Делчево;
- Втора Делчевска парохија - со манастирите: „Источен петок-Балаклија“ и „Св. Кирил и Методиј“ во Делчево;
- Ѕвегорска парохија -парохија со седиште во црквата „Св. Јован Крстител“ во село Ѕвегор. Други позначајни храмови во парохијата се: црквата „Св. Димитриј“ во село Габрово, манастирот „Св. Петка“ во село Селник, црквата „Св. Архангел Михаил“ во село Драмче, црквата „Св. Ѓорѓи“[2] во село Град и други.
- Прва Каменичка парохија - сместена во црквата „Св. Илија“ во Македонска Каменица. Парохоски свештеник е Димитар Темелков (сос. 2016);
- Втора Каменичка парохија - сместена во црквата „Св. Илија“ во Македонска Каменица. Парохоски свештеник е Ванчо Џаџовски (сос. 2016);
- Трета Каменичка парохија - сместена во црквата „Св. Илија“ во Македонска Каменица. Парохоски свештеник е николчо Воиноски (сос. 2016);