Протојереј

Од Википедија — слободната енциклопедија

Протојереј[1][2] — мирски презвитерски чин во Православната црква.

Овој чин му одговара на монашкиот презвитерски чин протосингел. Чинот го вообичаено им го доделува архијерејот на оние свештеници кои имаат долгогодишна свештеничка служба, кои се истакнале со својата вредна работа и служба на Црквата и покажале очигледни резултати во својата работа.

Чинот се доделува на света архијерејска литургија, кога архијерејот ја чита молитвата над главата на одликуваниот човек и му го врачува набедреникот (ромбоидна ткаенина) што тогаш протојерејот секогаш ја носи на светата литургија. Самиот збор протојереј преведен од грчки значи „прв свештеник“.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]