Црквиште (Вратница)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Црквиште познато и како стара Св. Константин и Елена, претставува археолошки локалитет, односно делови на средновековна црква. Се наоѓа во тетовското село Вратница, во месноста нарекувана Честодубје, која се наоѓа на југоисточната страна на селото. По истражувањата, тука има остатоци од црква со нартекс, долга 18,20 m и широка 4,20 m, градена од кршен камен и варов малтер. Нартексот е Широк 10 m[1]. Денес во близина на тоа место подигната е нова црква посветена на Св. Константин и Елена.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Алексова Б., 1959, 226