Римска некропола (Јегуновце)
Прејди на прегледникот
Прејди на пребарувањето
Римската некропола, месно познат како Кај Фабриката — археолошко наоѓалиште т.е. некропола од римското време, која се наоѓа во дворот на Металуршкиот комбинат „Југохром“ во Јегуновце, тетовско. Некрополата е случајно пронајдена во текот на градежните работи во 1956 година. Тука се откриени гробови со конструкции од камени плочи - тип циста. Во еден од нив е најдена плоча со грчки написи од седум реда и необична релјефна сцена. Имено, лево стои постар маж со куса туника, со крената десна рака, а со левата става жртва над ара. Десно стои дете свртено кон арата, а понатаму од него ,сосема десно се претставени маж и жена со превез на главата. Плочата се чува во Музејот на Македонија.[1]
Поврзано[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ „Студија за оценка на влијанието на реконструкцијата и изградбата на 110 kV ДВ "ТС Скопје 1 - ТС Југохром - ТС Тетово 1" врз животната средина“ (PDF). МЕПСО. Посетено на 2010-09-12.[мртва врска]
![]() |
Оваа статија за поврзана со археологијата на Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |