Столе Ацевски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Столе Ацевски ( 1915 во Вратница, Тетовско21 октомври 1943 во Шар Планина, Тетово) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Потекнувал од сиромашно селско семејство. Завршил основно училиште и изучил столарски занает. Во 1942 година се поврзал со партизаните и материјално ги помагал. Во 1943 година, кога бил формиран партизанскиот одред на Шар Планина станал активен заднински соработник на одредот. Напоредно со материјалната помош, редовно ги известувал партизаните за движењето на фашистичките сили. На 21 октомври 1943 година силни бугарски фашистички единици го блокирале Шарпланинскиот одред. Предводени од еден предавник (бугароман), бугарските фашисти го сретнале во планина, го фатиле ѝ го стрелале. Партизанската група што останала на Шар Планина, за ова предавство го осудила шпиунот на смрт и го стрелала во декември 1943 година.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив - Скопје. 1969. стр. 30. На |first= му недостасува |last= (help)