Киро Поповски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Киро Поповски (Вратница, Тетовско, 13 април 1942 - Скопје, 29 октомври 1995) бил македонски правник, политичар, основоположник и прв претседател на Социјалистичката партија на Македонија.

Биографија[уреди | уреди извор]

Поповски е роден во тетовското село Вратница на 13 април 1942 година. Гимназијата ја завршил во Скопје и дипломирал на Правниот факултет во Скопје во 1965 година. Како младинец, бил претседател на Градскиот комитет и претседател на Претседателството на ЦК на Сојузот на Социјалистичката младина на Македонија, а потоа секретар и претседател на Советот на ССМ, претседател на Извршниот одбор на Републичката СИЗ за физичка култура, претседател на Комисијата за прашања од општествено-политичкиот систем, член на Одборот за прашања од областа на општественото уредување, безбедноста и односите со странство, член на Комисијата за прашања од општествено-политичкиот систем на Извршниот совет на Собраниет на СРМ, член на Извршниот совет на Собранието на СРМ, претседател на Републичката конференција на ССРНМ, основоположник и прв претседател на Социјалистичката партија на Македонија[1] (22 септември 1990 - јули 1995) и потпретседател на Собранието на Македонија од 1991 до 1995 година[2].

Бил оженет со Златка Поповска поранешен потпретседател на Владата на Бранко Црвенковски од 1994 до 1998 година, кадар на Социјалистичката партија[3]. Починал во Скопје на 29 октомври 1995 година.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Социјалистите се потсетија на првиот претседател Одбележани десет години од смртта на Киро Поповски“, Утрински Весник (посет. 1 ноември 2009 г). (на македонски)
  2. „Киро Поповски“ (на македонски). Собрание на Република Македонија. http://www.sobranie.mk/?ItemID=649D3354AF578B4F89AAD3EBD3928515. посет. 1 ноември 2009 г. 
  3. Марковски, Градимир. „ИСТРАЖУВАЊЕ НА ВЕЧЕР И ПОТСЕТУВАЊЕ: Жени што исчезнаа од македонската политика“, Вечер, 9 јануари 2008 (посет. 1 ноември 2009 г). (на македонски)