Бранко Попов

Од Википедија — слободната енциклопедија

Бранко Попов ( 1940во Вратница, Тетовско) — македонски научник и редовен професор на Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје[1].

Биогрфаија[уреди | уреди извор]

Попов е роден во тетовското село Вратница во 1940 година. Дипломирал на Технолошкиот оддел на Техничкиот факултет во Скопје во 1964 година. Магистрирал на Универзитетот во Урбана, Илиноис, САД, а докторирал на Универзитетот во Загреб во 1973 година. На Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје е од 1965, а како редовен професор е од 1982 година. Бил декан на Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје. Кариерата ја продолжува во САД, како истражувач и професор, најдолго на Универзитетот во Колумбија, Јужна Каролина (од 1991). Негови подрчја се физичка хемија, електрохемија во водени средини и растопи, превлеки и хемиски извори на струја[2].

Библиографија[уреди | уреди извор]

Автор е на книги, научни трудови и на многубројни научноистражувачки и апликативни проекти.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Билтен УКИМ“, од 21. В 1986 г.
  2. 40години Технолошко-металуршки факултет – Скопје, монографија, ТМФ Скопје, 2000 г., стр. 111.