Киша (Вешала)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Киша
археолошко наоѓалиште
Киша is located in Македонија
Киша
Местоположба на Киша во Македонија
Местоположба 42°3′38″N 20°50′48″E / 42.06056° N; 20.84667° E / 42.06056; 20.84667Координати: 42°3′38″N 20°50′48″E / 42.06056° N; 20.84667° E / 42.06056; 20.84667
Основни податоци
Име Киша
Место Вешала
Општина Тетово
Тип

Археомак 2.0 графички знак (некропола).svg некропола

Период непознат период
Портал „Археологија“

Киша претставува археолошко наоѓалиште, т.е. некропола во тетовското село Вешала. Наоѓалиштето е сместено во близина на селото на истоименото место.[1] Името доаѓа од албанскиот збор Kisha, што значи црква. За првпат ова наоѓалиште било отркриено во 1982 година при изградбата на локалниот пат ВешалаБозовце[2]. Тогаш биле откриени гробови со камени плочи со дебелина од 8 до 10 сантиметри. Бидејќи на нив немало никакви натписи, без претходно да се направат археолошки и антрополошки истражувања не можело да се потврди од кога потекнуваат и кој ги направил. При повторно проширување на истиот пат, во 2007 година, багерите на градежната фирма наишле на камени плочи и скелети. Поради немање на финансиски средства, Музејот на тетовскиот крај не бил во можност да врши понатамошни испитувања[2]. Камените гробови се од типот циста и се направени од неклесани камени плочи кои се наредени во редови.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Trifunovski, Jovan F. (1976). Polog (Etudes Anthropogeographiques) (изд. 1.). Belgrad: Academie Serbe des Sciences et des Art.
  2. 2,0 2,1 2,2 И.Ц. (24 август 2007). „ПО ОТКОПУВАЊЕТО НА ГРОБНИЦА ВО ТЕТОВСКО -Гробовите во Вешала се' уште мистерија“. Дневник. Посетено на 2010-11-06.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]