Тетовско кале

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Macedonian archaeology stub icon.svg
Macedonian archaeology stub icon.svg
Археолошко наоѓалиште
Исар
Тетовско Кале (53).JPG


Исар се наоѓа во местоположба во рамките на Македонија
Исар
Исар
(местоположба во рамките на Македонија)
Местоположба 42°01′32″ СГШ 20°57′21″ ИГД / 
Основни податоци
Име Исар
Место Тетово
Општина Тетово
Тип

Археомак 2.0 графички знак (градска населба).svg градска населба

Период доцноантичко време
среден век
Портал „Археологија“  • Проект „Археомак“

Тетовско кале или Исарот — тврдина и значаен археолошки локалитет која се наоѓа на врвот на Балтепе, веднаш над Тетово на 2 km од градскиот центар. Самиот локалитет од археолошка страна претставува утврдена градска населба од доцноантичкото време и средниот век.

Сместена е на помала карпеста височинка со стрмни страни што се издига над десниот брег на реката Пена. На врвот има зарамнето плато наведнато кон југ, со форма на триаголник со димензии од 180 х 130 m и површина од околу 1 ha, целото опфатено со траса на темели од доцноантички одбранбен бедем.

Најстарите траги, односно остатоци од ѕидовите на тврдината се големите блокови од бигор, правилно делкани, извадени со диви копања, кои потекнуваат од IV-III век пред н.е. Се претпоставува дека врз темелите на овие ѕидови подоцна, во доцноантичкото време, биле подигнати нови ѕидови цврсто градени од кршен камен и малтер. Тврдината била обновена во средниот век и подоцна во турскиот период во 1820 година од страна на Абдурахман Паша[1]. На јужниот крај во градиштето е откриен голем број фрагменти од хеленистички и доцноантички керамички садови, питоси и тегули. На истиот простор се регистрирани присуство на големи камени блокови и рановизантиски монети. Утврдената населба на Хисар се поврзува со Оенеј, градот на Пенестите. Имено се смета дека овој град, споменат од Тит Ливиј во врска со нападот на македонскиот крал Персеј на Пенестите во 169 година пред н.е., односно кој по навлегувањето во градот Ускана на вешт начин ја зазел и тврдината на Оенеј, се наоѓал на територијата на Тетово. Денес самата тврдина претставува една ретка убавина од минатото во Тетово. Неговата содржина е доста комплексна. Внатрешниот дел има 5 сараи, големи кујни, бањи, еден бунар на средина и 3 тунели за излез. Во тек на воениот конфликт во Македонија во 2001 претрпел големи оштетувања.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Живко Стефановски, Јован Павловски (1969). Тетово (монографија). Собрание на општина Тетово.