Тетово (археолошко наоѓалиште)
Тетово — археолошко наоѓалиште во Тетово. Претставува осамен наод од доцнобронзеното време. Археолошкиот музеј откупил меч случајно откопан во градот. Мечот е од микенски тип и се датира во XIV-XII век пред н.е. Излеан е од бронза и има долга танка форма. Бил наменет за парадни цели и веројатно како знак на достоинство ѝ припаѓал на истакната личност од Полог. Овој меч, заедно со ваквите наоди од Скадар, ги означува најсеверните простори до кои допирале производите од микенско-егејската област.[1]
Поврзано[уреди | уреди извор]
- Бањиче — населба од доцната антика;
- Бузане — населба од доцна антика;
- Дреноец — населба од доцна антика;
- Исар — градска населба од доцна антика и среден век;
- Горно теќе — населба од римско време;
- Св. Петка — населба од римско време;
- Ул. „Браќа Миладиноци“ — населба од римско време;
- Ул. „ЈНА“ — населба од римско време;
- Ул. „Штипска“ — гробница од раната антика.
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Коцо, Димче (1996).Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
![]() | Оваа статија поврзана со археологијата на Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
|