Ул. „Штипска“ (археолошко наоѓалиште)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Ул. „Штипска“

Карта

Местоположба 42°00′00″N 20°58′00″E / 42.00000° СГШ; 20.96667° ИГД / 42.00000; 20.96667Координати: 42°00′00″N 20°58′00″E / 42.00000° СГШ; 20.96667° ИГД / 42.00000; 20.96667
Основни податоци
Место Тетово
Општина Тетово
Тип

 гробница


Период раноантичко време
Портал „Археологија“

Ул. „Штипска“археолошко наоѓалиште во Тетово. Претставува гробница од раноантичкото време. Уште за време на турскио период случајно била откриена гробница од која, според кажувањата на тетовчани, гробните прилози биле однесени во Цариград. Во 1933 година гробницата е одново отворена и истражена од видниот белградско археолог Светозар Радојчиќ кој првпат и ја презентирал. Гробницата имала четвртеста основа со димензии од 5,31 × 3,51 м и висина од 1,85 м. Била градена многу квалитетно од делкани камени блокови, а одозгора затворена со засводен покрив кој бил урнат. Од гробни прилози се најдени бронзени парчиња од шлем, оклоп или штит, железни опкови и бронзена статуетка на танчарка - менада, украсен елемент на некаков сад од бронза, можеби кратер. Како придружничка на богот Дионис, претставена е со поткренати раце, како да игра, облечена во хитон и преку него наметната со небрис. Според изработката и стилот се датира во доцноархајскиот период, помеѓу 530 и 500 година пред н.е., и потекнува од ателјеата во Коринт или во јужна Италија. Присуството на менадата, монументалноста на гробницата и начинот на нејзиното градење упатуваат на тоа дека најверојатно во неа бил погребан еден од кнезовите на Полозите.[1]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069