Чифте амам (Тетово)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Чифте амам
Star Amam Tetovo (9).JPG
Чифте амамот
Бегов амам
Општи податоци
Статусспоменик на културата
уметничка галерија
Типамам, ликовна галерија
Стилосманлиска архитектура
ГрадТетово
Земја Македонија
Завршенакрај на XV – почеток на XVI век

Чифте амам (Бегов амам или Хуршиде амам) — поранешен турски амам во градот Тетово, денес дом на Уметничката галерија на градот. Се вбројува меѓу најголемите знаменитости во градот[1] и прогласен е за културно наследство на Македонија.[2]

Амамот е класичен пример за османлиската архитектура. Изграден е на левиот брег на реката Пена на крајот од XV до почетокот на XVI век и сместен спроти Шарената џамија, на патот од Тетово за полошките села.[1] Подигнат е од Мехмед Челеби, син на Исак-бег.[3]

Изграден е од делкан камен, варовник и тулни украси својствени на периодот. Претставува типична симетрична двојна бања, од каде го добила името чифте. Влезот е од исток и е засводен. Прозорци има само во соблекувалната. Градбата има две големи и две мали куполи. Различната големина на куполите ја разбива еднообразноста на објектот. Првата купола е седумаголна, а секој агол има кружен отвор преку кој влегува светлина. Амамот е украсен со пластични и камени елементи — добро исполнети прекршени лакови и убави венци на куполите.[1]

Амамот низ вековите е обновуван на многу наврати, но сепак го зачувал изворниот изглед. Последната реставрација е извршена од 2005 до 2007 г. и потоа амамот станал уметничка галерија.[1][3][4]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 „Чифте Амам на градот“. Општина Тетово. Посетено на 20 јули 2017.[мртва врска]
  2. Список на заштитени добра. Состојба до 31.12.2012. Скопје: Управа за заштита на културното наследство.
  3. 3,0 3,1 „Визуелна уметничка галерија Тетово“. Општина Тетово. Архивирано од изворникот на 2019-04-03. Посетено на 20 јули 2017.
  4. „Стариот тетовски амам стана уметничка галерија“. Утрински весник. 7 октомври 2007. Посетено на 20 јули 2017.[мртва врска]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]