Пенести

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Пенести (Penestae) – палеобалканска популација што ги населувала териториите на Северозападна Македонија. Првпат се спомнуваат во времето на Третата македонско-римска војна (171–168 пр.н.е.), кога на нивната територија се одвивале судири меѓу македонската и римската војска. Се спомнуваат 11 нивни населби. Најголем град бил Ускана што се наоѓал близу до Кичево.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Македонска енциклопедија, том II. Скопје: Македонска академија на науките и уметностите. 2009. стр. 1131. ISBN 978-608-203-024-1.