Прејди на содржината

Спомен-куќа на Ѓоце Стојчевски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Спомен-куќа на Ѓоце Стојчевски
Поглед на куќата
Карта
Општи податоци
Статусспоменик на културата
Видкуќа
Стилстароградски
ГрадТетово
Земја Македонија
ЗавршенаXIX - XX век
Технички податоци
Катови2+1

Спомен-куќа на Ѓоце Стојчевски — стара куќа во градот Тетово прогласена за значајно културно наследство на Македонија.[1] Била музеј-куќа, а потоа во неа е сместен Музејот на тетовскиот крај.

Сместена е во северниот дел на градот, на улица „Абдил Фрашери“ бр. 92 (старо име „Радован Цониќ“). Изградена е в на крајот на XIX или почетокт на XX век. Ова е родна куќа на народниот херој Ѓоце Стојчевски - Амбарче.[2] Претворена е во негова музеј-куќа, а подоцна во 1990 г. во неа е сместен Музејот на тетовскиот крај.

Куќата се состои од подрум, приземје, кат и мансарда. Денес подрумот (4,8 м2) е депо за експонати, книги и слики. Влезот на приземјето, од улицата „Абдил Фрашери“. Приземјето зафаќа 159,1 м2. Има мала канцеларија, две изложбени простории, единечни бетонски скали за подрумот и двојни дрвени скали за катот. Од него се влевува во некогашната воденица. Катот има површина од 56 м2 и на него има канцеларија, работна соба, изложбена просторија и балкон на кој излегува ходникот. Поткровјето зафаќа 56 м2 и сиот е искористен за етнолошка поставка. Градбата е изведена од печени тули, подот е од даски, а во старата воденица е со плочки. Покривот е со ќерамиди.[2]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. Список на заштитени добра. Состојба до 31.12.2012. Скопје: Управа за заштита на културното наследство.
  2. 2,0 2,1 „Родна куќа на народен херој „Ѓоце Стојчевски". Управа за заштита на културното наследство. Архивирано од изворникот на 2018-07-10. Посетено на 19 јуни 2016.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]