Шарена џамија
Изглед
| Шарена џамија | |
|---|---|
Шарената џамија во Тетово | |
| Религија | |
| Припадност | ислам |
| Локација | |
| Локација | Тетово, Македонија |
![]() | |
| Географски координати | 42°00′20.52″N 20°58′00.33″E / 42.0057000°N 20.9667583°E |
| Архитектура | |
| Тип | џамија |
| Завршена во | 1438 |
| Спецификации | |
| Должина | 10 м |
| Ширина | 10 м |
| Минаре(иња) | 1 |
Шарената џамија — позната живописна џамија во градот Тетово, Македонија[1].
Историја
[уреди | уреди извор]На десниот брег на реката Пена во градот Тетово во XV век е подигната џамија. Крај неа е Турбето на анамата Хуршиде. Џамијата е значајна по своите внатрешни и надворешни сликарски декорации[2]. Особено е живописана јужната страна која се гледа од главниот пат што води кон Гостивар. Во составот на овој амбиент, се наоѓа и зачуваниот Чифте амам, во кој денес е Уметничката галерија, како и конаците претставуваат интересна урбанистичка целина. Со конзерваторско-реставраторските работи на сликарите во џамијата и надвор од нејзината фасада, повратен е некогашниот изглед и убавина.
Галерија
[уреди | уреди извор]- Поглед на џамијата
- Детали од насликаните ѕидови
- Турбето во дворот на џамијата
- Џамијата во 1932 г.
Наводи
[уреди | уреди извор]Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
Шарена џамија на Ризницата ?- Култура на Македонија: Шарена џамија, Тетово Архивирано на 28 септември 2007 г.
| |||||||||||||||||
