Уметничка галерија - Тетово
Изглед
Чифте амамот во кој е сместена галеријата | |
![]() | |
| Основан | 2007 |
|---|---|
| Место | Тетово, |
| Тип | ликовна уметност и др. |
| Директор | Арбенита Мета |
| Кустос | Бехар Ферати (главен) |
| Мреж. место | galeriaeartevetetove.com |
Национална установа Уметничка галерија - Тетово (албански: Instituti Nacional Galeria e Arteve Pamore Tetovë) — ликовна галерија во градот Тетово, сместена во знаменитиот Чифте амам на левиот брег на Пена.[1]
Галеријата е поделена на 3 оддела – уметнички, административен и образовен. Се финансира од Министерството за култура и од прилози на подарени средства.[2]
Амамот низ вековите е обновуван на многу наврати, но сепак го зачувал изворниот изглед. Последната реставрација е извршена од 2005 до 2007 г. и потоа станал уметничка галерија.[1][2][3]
Наводи
[уреди | уреди извор]- 1 2 „Чифте Амам на градот“. Архивирано од изворникот на 2022-01-20. Посетено на 20 јули 2017. Занемарен непознатиот параметар
|издател=(help) - 1 2 „Визуелна уметничка галерија Тетово“. Општина Тетово. Архивирано од изворникот на 2019-04-03. Посетено на 20 јули 2017.
- ↑ „Стариот тетовски амам стана уметничка галерија“. Утрински весник. 7 октомври 2007. Посетено на 20 јули 2017.[мртва врска]
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Страница на Уметничката галерија - Тетово Архивирано на 22 јануари 2022 г. (македонски)
