Алимбегова куќа

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Алимбегова куќа
Historic architectural facility 37.JPG
Алимбегова куќа is located in Тетово
Алимбегова куќа
Местоположба во рамките на Тетово
Општи податоци
Статусздравствен дом
Културно наследство
Стилнеобарок
османлиска архитектура
Адресаул.29-ти Ноември бр.16
ГрадТетово
ЗемјаМакедонија Македонија
Координати42°0′21.2″N 20°58′12.7″E / 42.005889° СГШ; 20.970194° ИГД / 42.005889; 20.970194
Почната19 век

Алимбегова куќакуќа која се наоѓа во Тетово, Македонија. Објектот е вклучен во Списокот на Културно наследство на Македонија.

Историја[уреди | уреди извор]

Објектот бил изграден од страна на Алим-бег, кој ја изградил својата резиденција во необароктен стил, но во просторната организација ја задржал традиционалната поделеност на јавниот и приватниот дел за живеење.

Опис[уреди | уреди извор]

Алимбеговата куќа е асиметрична градба, со приземје и два ката, а како архитектонско остварување претставува редок пример на станбена архитектура. Во репрезентативниот дел се влегува преку типичен бароктен влез со извиени скали. Во предниот дел се наоѓа салон за прием со голем чардак од едната страна и висока шестострана просторија од другата страна. Во задниот дел се сместени уште три простории за живеење.

Првиот и вториот кат се идентично решени, со таа разлика што поради поголемата спратна висина на салонот, тој не се појавува на вториот кат. На вториот кат е сместен спалниот тракт, со своја бања. Распоредот на просториите е асиметричен со примена на разни геометриски форми, (полигонални, полукружни, шестоаголни, правоаголни). Скалите меѓу првиот и вториот кат се двокраки со полукружен подест. Прозорците се поставени на сите нивоа со различен облик и декорација : на приземјето имаат благи лакови за натпрозорници, на првиот кат се полукружни, а на вториот се со прекршени лаци. Фасадната декорација поставена околу прозорците и на парапетите е типичен пример на барокниот стил, со гирланди, цветови, листови. Пиластрите со капители се исто така богато декорирани.

Најбогато е обработена западната фасада, со извиени елипсовидни надворешни скали. Лево од скалите во шестоаголен облик се надвисува кула која доминира над останатите делови од фасадата. Десно од скалите е поставена чешма во полукружна розета и ниша обработена во вид на школка. Полукружниот фриз има флорална декорација во плиток рељеф. Покривната конструкција е изработена во неколку фази во зависност од адаптациите кои ги има претрпено објектот. Покривот е повеќеводен со фалцовани ќерамиди.

Објектот денес[уреди | уреди извор]

До 1993 година објектот бил во функција на Медицински центар или Старата болница[1]. Во текот на 2016 година, започнале активности за конзервација, реставрација, санација и конструктивно зајакнување на Алимбеговата куќа, по кое објектот треб да биде претворен во музеј.

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]