Трсино
Трсино | |
Панорама на Трсино | |
Координати 41°54′38″N 22°38′58″E / 41.91056° СГШ; 22.64944° ИГД | |
Регион | Источен |
Општина | Виница |
Област | Пијанец |
Население | 444 жит. (поп. 2021)[1]
|
Пошт. бр. | 2316 |
Повик. бр. | 033 |
Шифра на КО | 05014 |
Надм. вис. | 740 м |
Трсино на општинската карта Атарот на Трсино во рамките на општината | |
Трсино на Ризницата |
Трсино — село во Општина Виница, во областа Пијанец, во околината на градот Виница.
Географија и местоположба
[уреди | уреди извор]Трсино се наоѓа на западните падини на планината Голак, во крајниот северен дел на територијата на Општина Виница и неговиот атар се граничи со Општина Делчево. Селото е ридско и е сместено на надморска височина од 740 м. Атарот на селото зафаќа површина од 35 км2. Од Виница е оддалечено околу 20 км.[2]
Историја
[уреди | уреди извор]Во XIX век, Трсино било мешано село на Македонци и Турци, сместено во Кочанската каза на Отоманското Царство.
Во Првата балканска војна, од селото имало еден доброволец кој бил дел од Македонско-одринските доброволни чети.[3]
По Втората балканска војна, селото паднало под српска власт.
Стопанство
[уреди | уреди извор]Селото има мешовита земјоделска фумкција. Од вкупната земјоделска површина во атарот на селото, шумите зафаќаат површина од 1.384 ха, пасиштата површина од 1.301 ха, а на обработливо земјиште отпаѓаат 756 ха.[2]
Население
[уреди | уреди извор]
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Трсино имало 660 жители, од кои 150 Македонци христијани, 500 Турци и 10 Роми.[4] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година во селото имало 160 жители Македонци.[5] Според Димитар Гаџанов, во 1916 година во Трсино живееле 300 Турци и 239 Македонци.[6]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 350 Турци и 250 Македонци.[7]
Според пописот од 2002 година, во селото Трсино живееле 730 жители, од кои 723 Македонци и 7 Турци.[8]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 444 жители, од кои 402 Македонци, 2 Турци, 3 останати и 37 лица без податоци.[9]
Во табелата во продолжение е прикажано вкупното население и етничка припадност во Трсино:[10]
Година | Македонци | Турци | Срби | Ост. | б.п. | Вкупно |
---|---|---|---|---|---|---|
1948 | — | — | — | — | — | 857 |
1953 | 431 | 545 | 1 | 1 | — | 978 |
1961 | 579 | 58 | 0 | 0 | — | 637 |
1971 | 686 | 6 | 0 | 0 | — | 692 |
1981 | 655 | 4 | 0 | 0 | — | 659 |
1991 | 699 | 6 | 0 | 0 | — | 705 |
1994 | 741 | 8 | 0 | 0 | — | 749 |
2002 | 723 | 7 | 0 | 0 | — | 730 |
2021 | 402 | 2 | 0 | 3 | 37 | 444 |
* Извор: Државен завод за статистика на Република Македонија (1948-2002), според податоци од официјалните пописи во соодветните години.
Родови
[уреди | уреди извор]Трсино е македонско-турско село.
Според истражувањата од 1959 година, родови во селото се:
- Турски: Риза (1 к.), Џемо (1 к.), Зија (1 к.), Јусеин (1 к.), Јусни (1 к.), Амдија (1 к.), Шефкија (1 к.), Реџеп (1 к.) и Есад (1 к.) стари доселенички родови. Имало и многу иселени турски родови. И набројаните родови биле големи но се смалиле поради иселување.
- Македонски:
- Славчовци (13 к.) доселени се на почетокот од XIX век. Доселени се од селото Робово кај Пехчево. Го знаат следното родословие:. Петре (жив на 68 г. во 1959 година) Јован-Пецо-Андон-Славчо, кој се доселил. Славчо имал три синови. Андон, Цоне и Лесо.
- Максимовци (13 к.) доселени се од селото Криволак во Тиквеш. Од Криволак се иселиле тројца браќа. Максим дошол во Трсино, вториот брат во Драгобраште, а третиот во Крушево. Го знаат следното родословие:. Гафе (жив на 60 г. во 1959 година) Гоше-Стојан-Максим, кој се доселил во селото.
- Карганџии (6 к.), Ратковци (6 к.), Заврци (6 к.), Мицовци (5 к.), Шугљевци или Скакарци (5 к.), Стамболисци (3 к.) и Самарџици (3 к.) доселени се од Витанска Маала.
- Андоновци (3 к.), Цоневци (2 к.) и Максимовци (1 к.) гранка се од родот Максимовци.
- Даскалци (3 к.) доселени се од маалото Цинцарите.
- Лесовци (4 к.), Петревци (3 к.), Беловци (2 к.), Трајановци (2 к.), Шанќевци (1 к.) и Кучковци (1 к.) доселени се од селото Грљани.
- Бумбарци (2 к.), Петринци (1 к.), Присади (1 к.) и Коларци (1 к.) доселени се од селото Бигла кај Делчево.
- Витларци (2 к.) доселени се од селото Калиманци.
- Чучунци (1 к.) доселени се од селото Разловци кај Делчево.[11]
Општествени установи
[уреди | уреди извор]Во селото има основно училиште до четврто одделение, амбуланта и продавница.[2]
Самоуправа и политика
[уреди | уреди извор]Селото влегува во составот на Општина Виница од 1955 година.
Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната општина Грпани во склоп на Кочанската околија.
Избирачко место
[уреди | уреди извор]Во селото постои избирачко место бр. 0327 според Државната изборна комисија, кое е сместено во основното училиште.[12]
На локалните избори во 2017 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 475 гласачи.[13]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 462 гласачи.[14]
Културни знаменитости
[уреди | уреди извор]- Археолошки наоѓалишта
- Дебоки Дол — населба од доцноантичко време
- Манастирски Дол — населба од доцноантичко време
- Почивало — некропола од доцноантичко време
- Прибен — населба од доцноантичко време
- Трсино — населба и некрополи од римско време
- Црквиште — средновековна црква
- Цркви
- Црква „Св. Троица“ — главна селска црква
- Црква „Св. Троица“ — црква на врвот Чавка. Црквата е делчевска, но атарот на кој се наоѓа е на Трсино;[15]
Галерија
[уреди | уреди извор]-
Пат кон селото кој води од Трстија
-
Основното училиште во селото
Иселеништво
[уреди | уреди извор]До 1959 година 100 турски семејства се иселиле во Турција. Во Блатец има иселено неколку македонски семејства.[11]
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја. Скопје: Патрија. стр. 303.
- ↑ Македоно-одринското опълчение 1912 – 1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 884.
- ↑ Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 227.
- ↑ D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р. 132-133.
- ↑ Гаджанов, Димитър Г. Мюсюлманското население в Новоосвободените земи, во: Научна експедиция в Македония и Поморавието 1916, Военноиздателски комплекс „Св. Георги Победоносец“, Университетско издателство „Св. Климент Охридски“, София, 1993, стр. 242.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 22 мај 2018.
- ↑ „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
- ↑ Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население во 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). Извор: ДЗС Архивирано на 3 февруари 2020 г..
- ↑ 11,0 11,1 Трифуноски, Јован (1970). Кочанска Котлина. Скопје: Универзитетска печатница.
- ↑ „Изборна единица 3 — Општина Виница“ (PDF). Посетено на 22 мај 2018.
- ↑ „Локални избори 2017“. Архивирано од изворникот на 2021-03-16. Посетено на 22 мај 2018.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Освет на камен темелник за изградба на манастирска црква посветена на „Св. вмч. Пантелејмон" на врвот Чавка, на планината Голак во Делчево“. Архивирано од изворникот на 2018-09-03. Посетено на 2018-09-30.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
|