Драгобраште

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Драгобраште
Dragobraste.jpg

Поштата во Драгобраште

Драгобраште is located in Македонија
Драгобраште
Местоположба на Драгобраште во Македонија
Координати 41°53′55″N 22°36′16″E / 41.89861° N; 22.60444° E / 41.89861; 22.60444Координати: 41°53′55″N 22°36′16″E / 41.89861° N; 22.60444° E / 41.89861; 22.60444
Регион Источен
Општина Виница
Население 392 жит.
(поп. 2002)
Пошт. бр. 2310
Повик. бр. +38933
Шифра на КО 05006
Надм. вис. 550 м
Мреж. место Драгобраште
Драгобраште на општинската карта
Драгобраште во Општина Виница.svg

Атарот на Драгобраште во рамките на општината


Драгобраштесело во Општина Виница, во околината на градот Виница.

Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]

Од градот Виница е одалечено 10 километри и се наоѓа на патниот правец за Делчево и Берово, во северо источниот дел на општината, на надморска височина од 550 метри. Селото е од разбиен тип, составено е од повеќе маала: Чукарлии, Мирмарци, Брбољковци, Софинци, Криворамци, Капетанци и други.[1]

Историja[уреди | уреди извор]

Според бугарскиот академик Дуриданов, името на селото е добиено по личното име Драгобрат.[2] Додавајќи му ја наставката -ja селото станало Драгобратја, кое заради повеки јазични записи од српски и бугарски јазик останало именувано според наречјето на народот Драгобрашта (Драгобраќа).

Стопанство[уреди | уреди извор]

Претежно населението се занимава со земјоделство, а најзастапено е одгледувањето на тутун, голем дел од населението е на привремена или стална работа во странство.[се бара извор]

Демографија[уреди | уреди извор]

Според статистиката на Васил К'нчов („Македониja, Етнографиja и статистика“) од 1900 година, во Драгобраште живееле 700 жители, сите Македонци.[3]

Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Драгобраште имало 488 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[4]

Според пописот од 2002 година, во селото Драгобраште живеат 392 жители, сите Македонци.[5]

На табелата е прикажан бројот на жители низ сите пописни години:[6]

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002
Население 700[3] 488[4] 570 699 686 722 619 488 469 392

Во 1971 населението броело 722 жители, а во 1981 е намалено на 623 жители. Трендот на намалување е забележен и во 1991 кога селото имало 490 жители.[7] Намалувањето на населението почнало в периодот на осумдесетите години, кога почнала индустијализацијата во Македонија, кога населението се изселувало во градовите. Подоцна во деведесетите години, поради слабата економска состојба во државата, населението се иселувало во Западна Европа.[8]

Родови[уреди | уреди извор]

Драгобраште е македонско село.

Родови во селото: Чергарци (8 к.) и Бојчевци (7 к.) доселени се од некое село во радовишко на Плачковица; Балтачани (10 к.) доселени се од селото Криволак, Тиквеш, пред околу 190 години се иселиле тројца браќа, еден се населил во Драгобраште, вториот во Крушево, а третиот во Трсино; Пандурци (6 к.) доселени се пред 180 години од селото Турија, делчевско, дошле тројца браќа Ѓорге, Лазар и Јово. Денешниот род потекнува од првите двајца браќа, а третиот станал домазет во родот Балтачани; Софинци (13 к.), Капетановци (11 к.), Чроѓевци (9 к.), Малчовци (9 к.), Бобијци (8 к.), Карлинци (8 к.), Терзици (2 к.) и Цековци (2 к.) доселени се, но незнаат одкаде.[9]

Општествени установи[уреди | уреди извор]

Во селото има пошта и здравствен дом. Во Драгобраште се наоѓа ОУ „Никола Парапунов“ во кое учат деца и од околните села.

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Изборно место[уреди | уреди извор]

Во селото постои изборното место бр. 317 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[10]

На претседателските избори во 2019 година, на ова изборно место биле запишани вкупно 351 гласачи.[11]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Цркви и манастири
Археолошки наоѓалишта
  • Белтечке Маало — населба од доцноантичкото време. На десниот брег на Селишка Река, во нивата на М. Стојан се среќаваат фрагменти од керамички садови, покривни ќерамиди и друг градежен материјал. Видливи се и темели од ѕидови градени од камен и кал.
  • Вршник — населба од доцноантичкото време. На десниот брег на Пекљанска Река, десно од патот за Драгобраште и Пекљани, на мала височинка се среќаваат фрагменти од керамички садови и покривни ќерамиди, како и друг градежен материјал.
  • Драгобрашко Градиште — градиште од римското време. Јужно од селото, на левиот брег на Селешка Река, на површина од 150 × 100 м се гледаат остатоци од ѕидови на повеќе објекти, а фрагменти од керамика се среќаваат по целата површина на наоѓалиштето.
  • Манастир — средновековна црква и некропола. Во маалото Блатешко, при нивелирање на теренот за изградба на црква мештаните откриле темели од мала еднокорабна црква, а наоколу гробови. Денес во новоизградената црква се наоѓа мал жртвеник — ара од камен, кој бил донесен од наоѓалиштето Драгобрашко Градиште.
  • Свети Спас — старохристијанска базилика. На раскрсницата од селскиот пат за Драгобраште и Пекљани, денешната црква Св. Спас е изградена врз темели од голема базилика, со димензии од 40 × 20 м, од која се гледаат апсидата, северниот и јужниот ѕид, зачувани во темелите.
  • Селиште — населба и некропола од доцноантичкото време. На 500 м јужно од Чукарлиско маало, помеѓу Трсинска и Селишка Река, на една ниска падина се констатирани остатоци од објекти чиј градежен материјал се среќава на површината, а исто така и фрагменти од керамика. Во непосредната близина на локалитетот жителите откопале повеќе гробови со камена конструкција.
  • Црвено Брдо — могила од римското време. Се наоѓа на 500 м југозападно од Драгобрашко Градиште. Во основата има пречник од 10 м и зачувана височина од 2 м.

Иселеништво[уреди | уреди извор]

Поради економски причини, од 1991, од селото емигрирале над 30 семејства, се претпоставува оклу 40% од вкупното население. Најногу изселеници има во Италија.[се бара извор]

Личности[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Општина Виница - Онлајн прашања
  2. Дуриданов, Иван. Значението на топонимията за етническата принадлежност на македонските говори. в: Лингвистични студии за Македония, София, МНИ, 1996, стр. 171.
  3. 3,0 3,1 Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 226.
  4. 4,0 4,1 Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 132-133
  5. Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
  6. Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтат. Државен завод за статистика.
  7. Државен завод за статистика
  8. Општина Виница Он лине одговори
  9. Трифуноски, Јован (1970). Кочанска Котлина. Скопје: МАНУ.
  10. „Описи на ИМ“. Посетено на 3 ноември 2019.
  11. „Претседателски избори 2019“. Посетено на 3 ноември 2019.