Црква „Св. Троица“ - Трсино

Координати: 41°54′47.1″N 22°38′59.2″E / 41.913083° СГШ; 22.649778° ИГД / 41.913083; 22.649778
Од Википедија — слободната енциклопедија
Света Троица

Поглед кон црквата

македонска православна црква
Епархија Брегалничка
Архијерејско намесништво Штипско
Парохија Јакимовска
Местоположба

Карта

Координати 41°54′47.1″N 22°38′59.2″E / 41.913083° СГШ; 22.649778° ИГД / 41.913083; 22.649778
Место Трсино
Општина Виница
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Свето Тројство
Изградба 30 мај 2004
Архитектонски опис

Света Троица — главна селска црква во селото Трсино.[1] Црквата е сместена во северниот дел од селото, на десната страна од патот кој води од соседното село Трстија.

Историја[уреди | уреди извор]

Камен-темелник за изградба на црквата бил поставен на 30 мај 2004 година од страна на тоашниот митрополит на Брегалничката епархија г. Агатангел.

Архитектура[уреди | уреди извор]

Црквата претставува крстокуполен храм, при што куполата е со осумаголна основа и на секоја од осумте страни има по една монофора. Во продолжение на бочните ѕидови се доградени припрати, додека во задниот дел од црквата има три многуаголни апсиди, од кои средишната е поголема во споредба со страничните кои се со еднаква големина. Градбата во целост е варосана во бела боја и истата е покриена со ќерамиди. Со ќерамиди исто така се покриени припратите и апсидите, додека куполата има метален кров над кој е истакнат крст.

Камбанаријата е прилепена до градбата на црквата и е сместена во левиот агол од предната страна. Таа има четириаголна основа и е ѕидана од тули. Предната и бочните страни се поделени во четири дела, од кои првите три содржат по една монофора, додека последниот е лачно отворен. На задната страна отсуствува најнискиот дел поради тоа што во таа висина е прилепена со градбата на црквата. Камбанаријата е покриена со метален кров над кој има крст.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. стр. 31.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]